Ципрофлоксацин
Ципрофлоксацинот е флуорокинолонски антибиотик кој се користи во третманот на бактериски инфекции.[4] Тука спаѓаат инфекции на коските и зглобовите, интраабдоминални инфекции, одредени типови на инфективна дијареа, респираторни инфекции, кожни инфекции, тифоидна треска и уринарни инфекции, помеѓу другите.[4] Кај некои инфекции се користи како дополнителен лек покрај друг антибиотик.[4] Може да се зема преку уста, како капки за очи, уши, или интравенски.[4][5]
structure | |
Систематско (IUPAC) | |
---|---|
1-cyclopropyl-6-fluoro-4-oxo-7-(piperazin-1-yl)-quinoline-3-carboxylic acid | |
Клинички податоци | |
Заштитени имиња | Ciloxan, Cipro, Neofloxin, others |
AHFS/Drugs.com | monograph |
MedlinePlus | a688016 |
Licence data | US Daily Med:врска |
Бременосна категорија |
|
Начин на издавање |
|
Начин на примена | By mouth, intravenous, topical (ear drops, eye drops) |
Фармакокинетички податоци | |
Биорасположливост | 70%[3] |
Врзување за белковините | 30%[3] |
Метаболизам | Liver |
Полувреме на елиминација | 3.5 hours[3] |
Екскреција | Kidney |
Назнака | |
CAS-број | 85721-33-1 |
ATC код | J01MA02 S01 S02 S03 J01 J01 J01 |
DrugBank | DB00537 |
ChemSpider | 2662 |
UNII | 5E8K9I0O4U |
KEGG | D00186 |
ChEBI | CHEBI:100241 |
ChEMBL | CHEMBL8 |
NIAID ChemDB | 001992 |
Хемиски податоци | |
Формула | C17H18FN3O3 |
Моларна маса | 331,35 g·mol−1 |
| |
(провери) |
Вообичаени несакани ефекти вклучуваат гадење, повраќање и дијареа.[4] Тешки несакани ефекти вклучуваат зголемен ризик од кинење на тетивите, халуцинација, и оштетување на нервите.[4] Кај луѓето со мијастенија гравис се јавува влошување на мускулната слабост.[4] Стапките на појава на несакани ефекти се чини дека се повисоки од некои групи на антибиотици како што се цефалоспорините, но пониски од некои други, како клиндамицин.[6] Студиите кај животни покренуваат загриженост во врска со нивната употреба за време на бременоста.[7] Меѓутоа, не биле идентификувани проблеми кај децата на мал број жени кои го земале лекот во текот на бременоста.[7] Се смета дека е безбедна неговата примена за време на доењето.[4] Спаѓа во втората генерација на флуорокинолони со широк спектар на дејство.[4][8][9]
Ципрофлоксацинот бил патентиран во 1980 и бил воведен во клиничка употреба во 1987.[10][11] Се наоѓа на Списокот на СЗО на есенцијални лекови.[12][13] СЗО го класифицира ципрофлоксацинот како критички значаен во хуманата медицина.[14] Достапен е како генерички лек.[4][15] Во 2023, е триесетти најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 187.000 рецепти.[16]
Наводи
уреди- ↑ „Cipro- ciprofloxacin hydrochloride tablet, film coated; Cipro- ciprofloxacin kit“. DailyMed. 31 January 2023. Посетено на 9 February 2024.
- ↑ „Ciprofloxacin Use During Pregnancy“. Drugs.com. 7 January 2019. Посетено на 19 December 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Zhanel GG, Fontaine S, Adam H, Schurek K, Mayer M, Noreddin AM, Gin AS, Rubinstein E, Hoban DJ (2006). „A Review of New Fluoroquinolones: Focus on their Use in Respiratory Tract Infections“. Treatments in Respiratory Medicine. 5 (6): 437–465. doi:10.2165/00151829-200605060-00009. PMID 17154673. S2CID 26955572.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 „Ciprofloxacin Hydrochloride“. The American Society of Health-System Pharmacists. Архивирано од изворникот 23 September 2015. Посетено на 23 August 2015.
- ↑ „Ciprofloxacin Hcl Drops“. WebMD. 22 February 2018. Посетено на 22 February 2018.
- ↑ Heidelbaugh JJ, Holmstrom H (April 2013). „The perils of prescribing fluoroquinolones“. The Journal of Family Practice. 62 (4): 191–197. PMID 23570031.
- ↑ 7,0 7,1 „Prescribing medicines in pregnancy database“. Government of Australia. 23 August 2015. Архивирано од изворникот 8 April 2014.
- ↑ Ball P (July 2000). „Quinolone generations: natural history or natural selection?“. The Journal of Antimicrobial Chemotherapy. 46 Suppl T1: 17–24. doi:10.1093/oxfordjournals.jac.a020889. PMID 10997595.
- ↑ Oliphant CM, Green GM (February 2002). „Quinolones: a comprehensive review“. American Family Physician. 65 (3): 455–464. doi:10.1016/s0022-5347(17)67120-9. PMID 1185862.
- ↑ Oxford Handbook of Infectious Diseases and Microbiology. OUP Oxford. 2009. стр. 56. ISBN 978-0-19-103962-1. Архивирано од изворникот 8 September 2017.
- ↑ Fischer J, Ganellin CR (2006). Analogue-based Drug Discovery. John Wiley & Sons. стр. 500. ISBN 9783527607495.
- ↑ World Health Organization (2019). World Health Organization model list of essential medicines: 21st list 2019. Geneva: World Health Organization. hdl:10665/325771. WHO/MVP/EMP/IAU/2019.06. License: CC BY-NC-SA 3.0 IGO.
- ↑ World Health Organization (2021). World Health Organization model list of essential medicines: 22nd list (2021). Geneva: World Health Organization. hdl:10665/345533. WHO/MHP/HPS/EML/2021.02.
- ↑ World Health Organization (2019). Critically important antimicrobials for human medicine (6th revision. изд.). Geneva: World Health Organization. hdl:10665/312266. ISBN 9789241515528.
- ↑ Hamilton RJ (2014). Tarascon pharmacopoeia (15th. изд.). Jones & Bartlett Publishers. стр. 85. ISBN 978-1-284-05671-6. Архивирано од изворникот 8 September 2017.
- ↑ „Извештаи“. Е-здравство. Посетено на 2024-02-26.