Бавчалак (Кочани)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Бавчалак

Карта

Местоположба 41°55′0″N 22°25′0″E / 41.91667° СГШ; 22.41667° ИГД / 41.91667; 22.41667
Основни податоци
Место Кочани
Општина Кочани
Тип

 некропола


Период доцен среден век
Портал „Археологија“

Бавчалакархеолошко наоѓалиште во градот Кочани. Претставува доцносредновековна некропола. На околу 2 км северно од градот, на левиот брег на Кочанска Река, во местото кај водениците се забележуваат гробни конструкции од камени плочи со насоченост север-југ. Кај главата и нозете на покојникот има вертикално поставени камења. По површината на теренот се среќаваат фрагменти од глеѓосани керамички садови.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 175, ISBN 9789989101069