Цвенкау (германски: Zwenkau) — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Сместен помеѓу реките Вајсе Елстер и Плајсе во близина на градот Лајпциг.

Цвенкау
Воздушен поглед на градот
Воздушен поглед на градот
Воздушен поглед на градот
Грб на Цвенкау
Цвенкау во рамките на Германија
Цвенкау
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Лајпциг
Градски единици 10
Градоначалник Холгер Шулц (ДХС)
Основни податоци
Површина 46,21 км2
Надм. височина 130 м
Население 9.332 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 202 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. L
Пошт. бр. 04442
Повик. бр. 03 42 03
Портал www.zwenkau.de
Местоположба на градот Цвенкау во рамките на округот Лајпциг
Карта
Карта
Координати 51°13′3″N 12°19′27″E / 51.21750° СГШ; 12.32417° ИГД / 51.21750; 12.32417

Географија

уреди

Градот се наоѓа 15 километри јужно од Лајпциг и 3 километри североисточно од индустриската област Белен/Липендорф со нејзината знаменитост, електричната централа Липендорф. Поранешниот отворен коп бил затворен на 30 септември 1999 година и моментално се рехабилитира и се создава Цвенкајското Езеро. Неколку помали градови и села припаѓаат на Цвенкау:

  • предградијата Кечбар, Имниц и Лебшиц
  • руралните градови Гросдалциг, Маузиц, Клајндалциг, Телшиц и Цичен (од 1 октомври 1993)
  • градот Рисен-Клајншторквиц и селото Делен (од 1 октомври 1996)

Руралните области на историскиот град Ајтра и делови на Бесдорф, обата напуштени поради резервите на јаглен под нив во 1980-тите, исто така се администрирани од градот Цвенкау.

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

уреди