Цар Калојан (град)
Цар Калојан (бугарски: Цар Калоян) — град во Североисточна Бугарија, административен центар на Општина Цар Калојан во Разградската Област. Има население од околу 3.302 жители (2022).[1]
Цар Калојан Цар Калоян | |
---|---|
град | |
Местоположба на Цар Калојан во Бугарија | |
Координати: 43°36′25″N 26°14′20″E / 43.607078° СГШ; 26.239016° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Разград |
Општина | Цар Калојан |
Управа | |
• Градоначалник | Дауд Аљаовлу (ДПС) |
Површина | |
• Вкупна | 71,3 км2 (27,5 ми2) |
Надм. вис. | 190 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 3,302 |
• Густина | 46/км2 (120/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 7280 |
Повик. бр. | +359 08424 |
Мреж. место | tsarkaloyan.eu |
Географија и местоположба
уредиЦар Калојан се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина. Гратчето се наоѓа на 27 километри северозападно од регионалниот центар Разград и на 35 километри југозападно од Русе.
Историја
уредиВо реонот се пронајдени траги од различни култури. Населбите и гробните могили се тракиски. Остатоци од утврдување и мермерен релјеф на божицата на земјоделството и плодноста Церера даваат доказ за живот за време на римското владеење. Во локалитетот Расате се пронајдени украси, предмети за домаќинството и градежни материјали својствени за Првата Бугарска Држава. Од Втората Бугарска Држава се наоѓаат карпестите манастири и испосници „Црква“, „Калугерица“, „Торлашки Манастир“, како и наод од сребрени монети од времето на царот Иван Шишман.
Првите пишани документи во кои се споменува селото Торлак се од средината на XV век. Во еден регистар на Никополскиот санџак од 1450 година стои: „... Торлак, селски домаќинства 31 — данок без испенџа, адет и агнам 4815 акчиња...“. Главен опстанок во тоа време било сточарството. Во друг документ од XVII век под наслов „Регистарот на Јелеп-кешаните од Хрзградската кааза, според највисок ред е составен на 24.12.1573 година“ има именуван список на џелеп-кешаните, кои предале колку овци на османлиската држава. Еве еден извадок од него: „... село Торлак — Иванчо Стано-50 овци, Мирчо Михал-25 овци, Доброслав Добромир-25 овци, Добромир Черњо-25 овци-вкупно 125 овци...“. Тоа е исклучително важно и укажува дека населението на Торлак е чисто бугарско, додека во списоците на џелеп-кешаните има и Турци од другите населби. Во овој период, крајот на XVII век, започнало интензивното искоренување на шумите, поради брзиот пораст на бројот на населението, а кон крајот на XIX век, обработливото земјиште изнесувало повеќе од 15.000 декари, а потоа достигнало 42.000 декари. Првите искоренувања започнале јужно од селото во месноста „Д’лгија рт“ и продолжиле во западен правец до границите на соседните села Костанденец и Сваленик. Дури тогаш започнува развојот на занаетчиството и трговијата.
Населбата се викала Торлак до 1934 година, кога била преименувана во Цар Калојан. Во 1951 година комунистичеките власти ја преименувале во Хлебарово, а во 1981 година била прогласена за град. Во 1991 година е вратено името Цар Калојан.[2]
Личности
уреди- Веселин Топалов (р. 1975), велемајстор, светски шампион во шах
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Дигитална Библиотека на Национален Статистически Институт – Каталог (PDF), Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-13, Посетено на 2018-09-25 no-break space character во
|title=
во положба 58 (help)