Цана (германски: Zahna) — град и поранешна општина во округот Витенберг, во Саксонија-Анхалт, Германија, не далеку од сојузниот автопат (Bundesstraße) B2 и околу 11 километри источно од Лутерштат Витенберг. Бил седиште на поранешната заедница на општини (Verwaltungsgemeinschaft) Елбауе-Флеминг. Од 1 јануари 2011 е дел од градот Цана-Елстер.

Цана
Место во Цана-Елстер
Градското собрание изградено во 1897
Градското собрание изградено во 1897
Градското собрание изградено во 1897
Грб на Цана
Цана во рамките на Германија
Цана
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Витенберг
Град Цана-Елстер
Основни податоци
Површина 55 км2
Надм. височина 120 м
Население 4.131  (31 декември 2009)
 - Густина 75 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WB
Пошт. бр. 06895
Повик. бр. 034924
Координати 51°55′N 12°47′E / 51.917° СГШ; 12.783° ИГД / 51.917; 12.783

Историја

уреди

Цана е еден од најстарите градови во Саксонија-Анхалт. Докажано е дека Цана бил населен уште околу 2000 п.н.е. Ова е потврдено со археолошките пронајдоци од 6-от век п.н.е. до миграцијата на Семноните, кои го населувале овој регион.

По нив, дошле лужичките Срби, кои ги презеле нивните домови. Историското градско јадро покажува форма и структура, кои враќаат до населувањето на Фламанците во доцниот Среден век во 12-от век.

Целата висорамнина северно од Витенберг е под силно фламанско влијание и многу имиња потекнуваат од нив; па така и денес, сè уште е наречена областа Флеминг и градот припаѓа на природниот парк Флеминг, кој бил отворен во 2005.

Збратимени градови

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди