Природен парк Флеминг

Природниот парк Флеминг (германски: Naturpark Fläming) е природен парк со 824 км² во Саксонија-Анхалт, Германија, отворен во 2005. Тој е еден од шестте природни паркови во покраината Саксонија-Анхалт.

Потокот Цана близу градот Цана

Паркот на север се граници со природниот парк Висок Флеминг (германски: „Naturpark Hoher Fläming“) во покраината Бранденбург, а на југ со биосфера резерватот Средна Елба на реката Елба. Природата на паркот е одредена од нискиот планински масив Флеминг (околу 200 метри висок) со шуми, ливади, мали чисти потоци и обработливи површини. Културно, интересни се некои историски градови, старите села, замоците и средновековните камени цркви.

Централната канцеларија и центарот за посетители на паркот се наоѓаат во Јебер-Бергфриден. Делови на областа припаѓаат на окрузите Анхалт-Битерфелд и Витенберг и со мал дел исто така и на градот Косвиг. Паркот содржи 6 града и 38 општини или делови од нив; градовите се Косвиг, Линдау, Рослау, Цербст, Витенберг и Цана.

Надворешни врски

уреди

52°00′04″N 12°16′43″E / 52.00111° СГШ; 12.27861° ИГД / 52.00111; 12.27861