Хуан де Ерера

шпански архитект
(Пренасочено од Хуан Баутиста де Еерера)

Хуан Баутиста де Ерера (шпански: Juan de Herrera; околу 1530, Мовељан15 јануари 1597, Мадрид) бил шпански архитект, претставник на шпанската ренесансна архитектура, кој се смета за основоположник на „неукрасениот“ ренесансен архитектурен стил.

Хуан де Ерера
Портрет на Хуан де Ерера
НационалностШпанец
Познат(а) поархитектура
Значајни делаЕскоријал
Кралски дворец во Аранхуес
Ваљадолидска катедрала
ПравецДоцна ренесанса, Шпанска ренесанса архитектура

Како еден од најпознатите шпански архитекти на XVI век, неговите дела се сметаат за врвен дострел на шпанската ренесанса. Тие се одликуваат со чистота и примена на едноставни форми, а во негова чест применетиот стилот бил наречен „херерски“. Долги години работел на изградбата на Ескоријал, како и на кралскиот дворец во Аранхуес. Негово дело е и Ваљадолидската катедрала, додека ја проектирал и градбата на денешниот Архив на Индија.

Животопис

уреди

Хуан де Ерера се родил во дворјанско семејство во градот Мовељан во провинцијата Астурија. До пролетта 1548, се образувал на универзитетот во Ваљадолид. Во периодот од 1547 до 1551 година, како дворјанин го придружувал кралот Филип II на неговото патување во Италија и Брисел, а од 1551 до 1559 повторно го придрижувал кралот во Италија, каде учествувал во воените походи на царот Карло V, а потоа се преселил во Јуста.[1]

Архитектонската кариера ја започнал во 1561 година, со работата на кралскиот дворец во Аранхуес. Уште во 1559 година, Ерера учествувал како помошник на Хуан де Толедо при изградбата ма манастирот-дворец Ескоријал, а по неговата смрт во 1567 година, ја презел изградбата и ја раководел сè до нејзиното завршување во 1584 година. Зачувувајќи го општопланираниот изглед на објектот, тој ги зголемил неговите димензии, го водвоил бројот на катови и ги обединил сите четири фасади со општ корниз. Освен тоа, проектирал и црква (1574-82), а изградил и лазарет. Уште во тој дел од работата, бил забележлив неговиот архотектонски стил, кој се одликувал со строгост на архитектурните форми и отсуство на украси. Тој стил бил наречен „неукрасен“ (шпански: desornamentado) или „херереско“ (шпански: herreresco, по името на авторот) и во шпанската архитектура се употребувал до средината на XVII век.[2]

После 1567 година, Хуан де Ерера работел на изградбата на кралскиот дворец во Аранхуес, а по 1582 година се посветил на проектирањето на Севилскиот трговски центар, во којшто денес се наоѓа Архивот на Индија. По 1585 година работел на изградбата на Ваљадолидксата катедрала, кој послужил како модел за изградбата на катедралите во Мексико и Лима.[1] Во XVIII век, катедралата во Ваљадолид била во голем дел изменета од страна на семејството Чуригера, поради што денес истата е во променет вид.

Значење и влијание

уреди
 
Медаљон со ликот на Ерера, изработен од страна на Џакоме да Трецо во 1578 година

Ерера се смета за еден од најпознатите шпански архитекти на XVI век. Како вистински претставник на ренесансната уметност, се интересирал во многу области на науката. Неговото дело „Расправа за коцкестите форми“ (Discurso sobre la figura cúbica) ги покажува неговите познавања во областа на геометријата и математиката. Се интересирал и за астрономијата, па во 1562 година го напишал делото „Книга на знаење од астрономијата“ (Libro del saber de astronomía).

Тој имал решавачко влијание врз шпанската ренесансна архитектура, со напуштање на дотогаш најмногу застапеното платереско. Строгите математички пропорции и примената на украсните геометриски елементи (сфери и пирамиди) ја дефинираат појавата на новиот ренесансен стил во времето на кралот Филип II.

Исто така, Ерера успеал да ги примени фигуративните орнаментните во просторот, на начин карактеристичен за класичната архитектура. Влијаието на неговиот стил придонело тој да зааземе значајно место во историјата на архитектурата и во негова чест бил наречен „херерски“. Стилот широко се раширил за само еден век, а кон него се придружувале многу следбеници на Ерера, меѓу кои и Франциско де Мора, Хуан Гомес де Мора и Хуан Гомес де Трасмонте.[3]

Најпознати дела

уреди

Галерија на слики

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Juan de Herrera, Енциклопедија Британика
  2. Хуан Баутиста де Эррера[мртва врска], Голема советска енциклопедија
  3. Bongäser, Barbara (1997). Arquitectura barroca en España y Portugal. El Barroco. Colonia:Könemann. ISBN 3-89508-920-6.

Литература

уреди
  • José Luis Sancho,La arquitectura de los sitios reales: catálogo histórico de los palacios, jardines y patronatos reales del Patrimonio Nacional, Servicio de Publicaciones de Patrimonio Nacional, 1995, ISBN 84-7120-186-0.
  • N. Pevsner, J. Fleming, H. Honour, Dizionario di architettura, Torino 1981.

Надворешни врски

уреди