Христијанството во Босна и Херцеговина

(Пренасочено од Христијанство во Босна)

Христијанството Босна и Херцеговина е најголемата религија во државата. Главни христијански цркви се Римокатоличката црква и Православната црква. Според податоците од 2002 година, во 52% од вкупното население на државата се Христијани, од кои 36% се Православни,15% се Католици и 1% се Протестанти.[1] Православното население е воглавно составено од етнички Срби, а протестантското и римокатоличкото од етнички Хрвати. Бошњаците во државата се воглавно Муслимани, и се проценува дека се 45%.

Православна катедрала во Сараево.
Католичка црква Св. Јован Крстител во Подмилачје, Јајце.

Римокатоличка црква

уреди

По доаѓањето на денешните територии на Хрватска и Босна и Херцеговина, Хрватите го примиле христијанството. Поголемиот дел од покрстувањето на Словените на овие простори завршило во текот на 9 век, но некои подрачја го задржиле паганството уште четири века, од кое и денеска постојат докази за имињата на паганските богови. Најстарата епископија на подрачјето на денешна Босна и Херцеговина била онаа во Требиње основана во 1022 година. Босанската епископија која со сигурност опстојувала во 1067 година со седиште кај денешниот град Сараево, од 8 век имала и свое седиште во Ѓаково и Славонија, односно надвор од границите на Босна. Во текот на 1340 година била создадена Босанска викарија со седиште во Миле, кај Јајце. Веќе во 1385 година имало 35 самостојни, од кои 4 на реонот Босна. Тоа биле фрањевачки епископии.

Во времето кога Отоманското Царство ја зазела територијата на денешна Босна и Херцеговина, бројот на христијанското население започнал да се намалува. Кога Босна била освоена, во 1463 година, според некои податоци, околу 100.000 христијани биле однесени од земјата како робови, а околу 30.000 станале јаничари. Според турските официјални податоци, кај Фојница, отоманскиот султан Мехмед II, на барањето за верска слобода издал повелба наречена Ахд-наму, според која на фрањевачкиот одред им дал слобода. Католичките епископи делувале во Ѓаково. На голем дел од свештениците се гледало како шпиони, а истото важело и за папските посланици доколку истите не пристигнувале преку Дубровник бидејќи Дубровник имал добри односи од Портата.

Православна црква

уреди

Историјата на Православната црква во Босна и Херцеговина се претпоставува дека започнала во 1219 година кога била основана Захумската епархија. Тогаш била дел од Пеќската патријаршија. Мнозинството православно население во државата се Срби. Од 1760-те до 1880 православието во Босна и Херцеговина било под управа на Цариградската патријаршија, по падот на Пеќската патријаршија. По Втората светска војна, територијата на Босна и Херцеговина била управувана од Српската православн црква. Според ЦИА; 31% од населението во државата се Православни.[2] Во 2008 се процениле на 38%.

Наводи

уреди
  1. International Religious Freedom Report 2008
  2. „CIA World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-03-15. Посетено на 2013-11-22.

Поврзано

уреди