Хрватска кујна

(Пренасочено од Хрватска Кујна)

Хрватската кујна е хетерогена и е позната како кујна на региони, бидејќи секој регион на Хрватска има своја посебна кулинарска традиција. Неговите корени датираат од дамнешните времиња. Разликите во изборот на храна и начините на готвење се најзабележителни во континенталните и во крајбрежните региони. Копнената кујна е повеќе карактеризирана од претходните Словени и неодамнешните контакти со соседните култури—унгарски и турски, со користење на маст за готвење, и зачините, како црн пипер, пиперка и лук. Крајбрежниот регион го носи влијанието на грчката и Римската кујна, како и на подоцнежната Средоземната кујна, особено италијанска (Венецијанскa). Крајбрежните кујни користaт маслиново масло, и билки и зачини како што се рузмарин, жалфија, ловоров лист, оригано, риган, цимет, карамфил, оревче, лимон и кора од портокал. Народното традиционално готвење е засновано на креативни варијации на неколку основни состојки (житарици, млечни производи, месо, риба, зеленчук, ореви) и процедури во готвењето (варење, пржење, печење), додека буржоаската кујна вклучува повеќе комплицирани процедури и употреба на избрани билки и зачини. Сувомеснатото е дел од хрватската кулинарска традиција во сите региони. Храната и рецептите од другите поранешни југословенски земји се исто така популарни во Хрватска.

Месо од Меѓимурска жупанија, северна Хрватска
Јастог од дел на Далмација

Јадења од месо

уреди
  • Специјалитетите од скара се наречени роштиљ, оние што се печени се нарекуваат ражња
  • pod pekom значи дека садот е ставен во камена рерна под метален капак. Готвачот става топол јаглен на капак, така што оброкот е варен полека во својот сок. Специјалитетите варени pod pekom вклучуваат јагнешко, телешко, и октопод.

Чорби

уреди
 
Гулаш е многу популарен во поголемиот дел на Хрватска

Чорбите со зеленчук со мала количина на месо или колбаси се сметаат како здрав, традиционален оброк. Павлака (во Северна Хрватска) или маслиново масло (на брегот) може да се додаде на чинијата само пред сервирање. Чорбите со месо често се подготвени од страна на мажите во отворен простор. Во Далматинската урбана кујна, зачините како што се цимет и каранфил, суви сливи, суви смокви, јаболка и друго овошје понекогаш се додаваат во чорбите со месо.

Тестенини

уреди

Тестенините се најпопуларни во хрватската кујна, особено во регионот на Далмација. Manistra na pome (тестенини со сос од домати) е главен. Други популарни сосови вклучуваат крем сос од печурки, сос со мелено месо и многу други. Свежи тестенини се додаваат во супи и чорби, или подготвени со сирење, зелка, дури и со ореви или семе од афион

Литература

уреди
  • "Hrvatska za stolom – mirisi i okusi Hrvatske", Ivanka Biluš et al., Zagreb:Alfa, Koprivnica: Podravka, 1996, 192 p., illustrated in color, (Biblioteka Anima Croatarum, 2) ISBN 953-168-104-X
  • "Hrvatska vina" (Croatian wines), Fazinić Nevenko, Milat Vinko, illustrated, 159 p., 1994, ISBN 953-173-061-X