Холанд & Холанд
Холанд & Холанд (англ. Holland & Holland) се британски производители на престижно рачно изработено ловечки пушки, особено карабини и сачмарки и имаат две Кралски повластици.
Вид | Приватна |
---|---|
Дејност | Изработка на пушки |
Основано | 1835 во Лондон, Англија |
Основачи | Харис Холанд |
Седиште | , |
Испостави | 4 продавници |
Опслужувани подрачја | Лондон, Њујорк, Мидлсекс, Москва |
Производи | Пушки, Облека, Додатоци |
Вработени | 101 - 250[1] |
Мреж. место | http://www.hollandandholland.com |
Историја
уредиФирмата била основана од Харис Холанд (1806-96) во 1835. Бидејќи бил признат и вешт стрелец, Холанд сакал да почне да изработува пушки. Отпрвин неговите пушки го носеле натписот „H. Holland“. Не се знае со сигурност кога тој почнал со изработката, но се мисли дека е некаде во 1850-тите.
Бидејќи немал свои деца, тој го зел неговиот внук Хенри, кој го носел истото презиме, за да биде чирак во неговата работилница во 1861. Во 1867, Хенри станал негов ортак, а во 1876 името на фирмата било сменето во „Holland and Holland“, иако вујко му бил тој што воглавно управувал со фирмата.
Во 1883 Холанд и Холанд освојуваат највисоки награди во сите категории на пушки. Ова поставило нов стандард на изврсност во изработувањето на пушки во земјата. Во 1885 Холанд и Холанд добиваат патенти за пушката „Парадокс“, чија цевка била ожлебена при крајните 5 см.
Во 1908, тие патентираат механизам за заклучување на расклопување. Последнато подобрување кај двоцевката се случило во 1922, кога бил патентиран помошниот механизам за отворање на пушката. Оваа пушка, славната самоотворачка „ROYAL“ паралелна двоцевка извршила големо влијание врз изработката на пушки ширум светот.
Кон крајот на осумдесеттите години фирмата се реновира и се исфрлаат од употреба машините кои се користеле уште од 1889. Пушките како вертикалната двоцевка „ROYAL“ или двоцевките биле подобрени и повторно воведени на пазарот со пречник на цевка од 12, 20 и 28 како и .410 инчи. Најскапите рачно изработени пушки од овој производител можат да чинат и до 60,000 фунти.
Во 1990-тите, Холанд и Холанд почнале со програма за проширување. Фирмата има подавници во Париз, Њујорк и Лондон - во стоковната куќа Хародс и аеродромот Хитроу. Оригиналната продавница на Брутон Стрит во централен Лондон е целосно реновирана и поширена.
Фирмата ја прославила својата 165-та годишнина во 2000 година. Имател е на Кралска повластица.
Наводи
уредиНадворeшни врски
уреди- Официјална страница на фирмата Холанд & Холанд Архивирано на 7 август 2006 г. (англиски)