Продавница

продажба на добра и услуги од поединци или бизниси до потрошувачите

Продавница, дуќан[1], магазин[2], магаза[3] – просторија каде што се продава стока.[4] Продавниците може да се делат по неколку критериуми. Според обликот на достапност и преземање на стоката се делат на:

  • продавници во кои стоката не им е достапна на купувачите, карактеристични по продажниот пулт зад кој се наоѓа еден или повеќе продавачи кои ги послужуваат купувачите и ја наплаќаат стоката пред издавање. Овој облик е карактеристичен за помали, маалски продавници кои може да бидат со широка намена, но и специјализирани, како пекарница, месарница, новински киоск.
  • самопослужни продавници каде стоката им е достапна на купувачите кои најчесто ја ставаат во корпи или колички, па пред излегување плаќаат на каса.
Дуќан за свеќи во Стара чаршија - Скопје
Самопослуга

Постојат разни видови продавници специјализирани за продажба на разни предмети како што се:

Поголеми објекти во кои се продаваат различни видови производи, зависно од организациската структура се нарекуваат трговски центри, стоковни куќи или самопослуги.

Продавницата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди


Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди