Хозиер
Ендрју Џон Хозиер-Бирн (англ. Andrew John Hozier-Byrne; роден на 17 март 1990), професионално познат како Хозиер (англ. Hozier), [1] ― ирски музичар, пејач и текстописец.
Хозиер | |
---|---|
Хозиер на настап во септември 2015 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ендрју Џон Хозиер-Бирн |
Роден(а) | 17 март 1990 Њукасл, Виклоу Ирска |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 2008–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | hozier.com |
Стекнал популарност со неговиот прв сингл „Take Me to Church“ (2013), кој станал рок-радиски хит во САД, се искачил на второ место на Billboard Hot 100, бил номиниран за „Греми“ награда и бил сертифициран како мултиплатинест во неколку земји. Хозиер издал три студиски албуми: Hozier (2014), Wasteland, Baby! (2019) и Unreal Unearth (2023).[2] Во 2024 година го издал EP-то Unheard.
Живот и кариера
уредиЕндрју Џон Хозиер-Бирн е роден на 17 март 1990 година во Бреј, грофовијата Виклоу, Ирска.[3][4][5] Почнал да пишува песни на 15-годишна возраст,[6] а научил да свири гитара и пеел во неговиот училишен хор.[4] Се запишал на музичката академија при Тринити колеџот во Даблин, но ги пропуштил испитите за да снима демо за Universal Music и од колеџот добил едногодишно одложување за започнување на студиите.[7] [8]
2008–2012: Почетоци
уредиДодека бил во Тринити, Хозиер свирел во „Тринити орекестарот“. Тој бил член и на хорскиот ансамбл „Ануна“ од 2009 до 2012 година и соло испеал една песна за нивното издание од 2014 година „Illuminations“.[9] [10] [11] Во 2012 година, Хозиер бил пратечки вокал на Били Оушн.[12]
2013–2017: Пробив
уредиНа 3 јули 2013 година, Хозиер го објавил неговото прво ЕР, Take Me to Church.[13] ЕР-то успеало да се пласира на Билборд 200.[14] Насловниот сингл бил објавен во септември 2013 година.[15] Спотот за песната, кое се однесува на хомофобијата, било објавено истиот месец и целосно бил снимен во црно-бело.[15] Видеото го споделил англискиот глумец Стивен Фрај, и со тоа му помогнало да стигне до насловната страница на Редит, а потоа станало вирално видео.[3] [16] Песната се искачила во топ-5 на топ-листите во многу земји и заработила мултиплатинести сертификати; песната исто така била пофалена од критиката за нејзината лиричност и пораката што ја пренесува.[17][18] Во март 2014 година, Хозиер го издал неговото второ EP, From Eden.[19]
Хозиер го издал албумот Hozier на 19 септември 2014 година, на кој имало и песни од неговите две EP-а. Албумот се искачил на прво место во Ирска и стигнал до второ место на американскиот Билборд 200 . Албумот бил двојно платинест во Велика Британија и САД. По објавувањето на „Take Me to Church“, од албумот од 2014 до 2016 година биле објавени пет сингла: „From Eden“, „Sedated“, „Work Song“, „Someone New“, „Jackie and Wilson“ и „Cherry Wine"; сите тие се појавиле на ирската табела за синглови. На спотовите за "From Eden", "Someone New" и "Cherry Wine" учествувале глумиците: Кејти Мекграт, Натали Дормер и Сирша Ронан, соодветно.[20] [21]
Во февруари 2015 година, „Take Me to Church“ била номинирана за Греми награда за „Песна на годината“. На 12 ноември 2015 година, Хозиер ја освоила наградата „Музичар на годината“ од VH1.[22] Во јуни 2016 година, Хозиер ја објавил песната „Better Love“ како дел од саундтракот за филмот Легендата за Тарзан.[23] Потоа, Хозиер направил едногодишна пауза од музиката.[24]
2018–Денес: Подоцнежна кариера
уредиВо септември 2018 година, Хозиер го објавил ЕР-то Nina Cried Power.[25] Вториот албум на Хозиер, Wasteland, Baby!, бил објавен на 1 март 2019 година и содржал песни од неговото претходно EP.[26] Албумот дебитирал на врвот на ирската топ-листа за албуми и на Билборд 200.[27][28][29] Wasteland, Baby! бил сертифициран со сребро во Обединетото Кралство и злато во САД.[30]
Од Wasteland, Baby! во 2019 година биле објавени уште два сингла: „Almost (Sweet Music)" и „Dinner and Diatribes"; во спотот за песната „Dinner and Diatribes" се појавила глумицата Ања Тејлор-Џој.[31] Во 2019 година Хозиер настапил на неколку музички фестивали: Railbird,[32] Електричен пикник,[33] Гластонбери[34] и на Lollapalooza во Чикаго.[35]
На 29 октомври 2021 година, Хозиер го издал синглот „Tell It to My Heart“ во соработка со Медуза, кој дебитирал на 13-то место на ирската топ-листа за синглови.[36]
Тој го објавил ЕР-то Eat Your Young на 17 март 2023 година.[37] Тоа содржело три песни: „Eat Your Young“, „All Things End“ и „Through Me (The Flood)“.[38]
Unreal Unearth бил објавен на 18 август 2023 година.[39] На 22 март 2024 година, Хозиер го издал ЕР-то Unheard, кое содржело четири песни: „Too Sweet", „Wildflower and Barley" со Алисон Расел, „Empire Now" и „Fare Well". Песните требало да бидат вклучени на албумот Unreal Unearth, а биле инспирирани од Пеколот од Данте.
Дискографија
уреди- Hozier (2014)
- Wasteland, Baby! (2019)
- Unreal Unearth (2023)
Наводи
уреди- ↑ „How Do You Pronounce Hozier?“. KHXT. 28 January 2015. Архивирано од изворникот на 30 September 2018.
- ↑ „Official Irish Albums Chart on 25/8/2023“. Official Charts (англиски). Посетено на 2023-11-25.
- ↑ 3,0 3,1 Smyth, David (6 June 2014). „Religious abuse, homophobia and singing corpses are the unlikely ingredients propelling Hozier to rock stardom“. Evening Standard. Архивирано од изворникот на 20 September 2018.
- ↑ 4,0 4,1 Bruton, Louise (23 February 2019). „Hozier: 'If I wanted to make a f**king pop song, I would'“. The Irish Times. Архивирано од изворникот на 6 March 2019.
- ↑ „Hozier on Seamus Heaney, Maltesers and why Nina Simone turns his brain inside out“. The Guardian. 18 February 2019. Архивирано од изворникот на 3 May 2021.
- ↑ Minter, Will (29 June 2014). „Writer of the Week: Hozier“. American Songwriter. Архивирано од изворникот на 3 May 2021.
- ↑ Mullally, Una (12 October 2013). „Hozier's soaring voice and searing heart: From quiet beginnings, the 'Take Me to Church' singer's music, and its political nous, are growing in depth and stature“. Irish Times. Архивирано од изворникот на 28 September 2023. Посетено на 28 September 2023.
- ↑ Mullally, Una (14 October 2013). „Go Rail 9-1: Featuring Hozier“. The Irish Times. Архивирано од изворникот на 3 July 2019 – преку issuu.com.
- ↑ „Bring the quiet: Irish music superstar Hozier“. Joe. 8 April 2015. Архивирано од изворникот на 28 September 2023. Посетено на 28 September 2023.
- ↑ „Part 4 : When You Think There Is No More to Say, M'Anam & Systir“. Anúna. Архивирано од изворникот на 28 September 2023. Посетено на 28 September 2023.
- ↑ Job, Anna (1 August 2013). „Hozier | Interview“. GoldenPlec. Архивирано од изворникот на 2 November 2014.
- ↑ Billy Ocean – When The Going Get's Tough. https://www.youtube.com/watch?v=CuK0LC2sI4M.
- ↑ „Take Me To Church - EP Hozier“. Genius. Архивирано од изворникот на 24 March 2023.
- ↑ „Hozier“. Billboard. Архивирано од изворникот 17 November 2021.
- ↑ 15,0 15,1 Празен навод (help)
- ↑ Mullally, Una (12 October 2013). „Hozier's soaring voice and searing heart: From quiet beginnings, the 'Take Me to Church' singer's music, and its political nous, are growing in depth and stature“. Irish Times. Архивирано од изворникот на 28 September 2023. Посетено на 28 September 2023.Mullally, Una (12 October 2013). "Hozier's soaring voice and searing heart: From quiet beginnings, the 'Take Me to Church' singer's music, and its political nous, are growing in depth and stature". Irish Times. Archived from the original on 28 September 2023. Retrieved 28 September 2023.
- ↑ Hozier thinks all musicians are egomaniacs. 21 June 2019. https://www.youtube.com/watch?v=G0tZZZmRir8.
- ↑ Greene, Andy (29 January 2015). „Behind Hozier's Unlikely Rise“. Rolling Stone. ISSN 0035-791X. Архивирано од изворникот 21 November 2017.
- ↑ „From Eden“. Genius. Архивирано од изворникот на 28 September 2023. Посетено на 28 September 2023.
- ↑ Kelly, Aoife (19 November 2014). „Hozier releases new video for 'From Eden' featuring Katie McGrath“. Irish Independent. Архивирано од изворникот на 8 February 2022.
- ↑ „Saoirse Ronan backs Hozier charity single in domestic violence campaign“. Irish Independent. 11 February 2016. Архивирано од изворникот на 25 April 2019.
- ↑ Tietjen, Alexa. „We Need More Hozier + Tori Kelly Collabs Like This Joint Performance Of "Blackbird" At VH1's Big Music In 2015 Concert“. VH1. Архивирано од изворникот на 5 May 2016.
- ↑ „Listen: Hozier's first new song in nearly two years, "Better Love"“. Newstalk. 17 June 2016. Архивирано од изворникот на 28 September 2023. Посетено на 28 September 2023.
- ↑ „Interview: Hozier Talks 'Wasteland, Baby!' & New Collaborators“. Idolator. 3 April 2019. Архивирано од изворникот на 24 March 2023.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Skinner, Tom (16 January 2019). „Hozier has announced 'Wasteland, Baby' – his first album in more than four years“. NME. Архивирано од изворникот на 27 March 2019.
- ↑ Caulfield, Keith (10 March 2019). „Hozier Debuts at No. 1 on Billboard 200 Albums Chart With 'Wasteland, Baby!'“. Billboard. Архивирано од изворникот 27 March 2019.
- ↑ Hughes, Hilary (5 March 2019). „Hozier Knows the World Is Ending, So He Wrote Apocalyptic Love Songs For 'Wasteland, Baby!'“. Billboard. Архивирано од изворникот 5 March 2019.
- ↑ Caulfield, Keith (10 March 2019). „Hozier Debuts at No. 1 on Billboard 200 Albums Chart With 'Wasteland, Baby!'“. Billboard. Архивирано од изворникот 15 March 2019.
- ↑ „Gold & Platinum“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на 3 January 2016.
- ↑ Timmerberg, Tiana (6 March 2019). „Hozier Becomes Your Worst Nightmare in Eerie 'Dinner & Diatribes' Music Video“. Audacy. Архивирано од изворникот на 7 March 2019.
- ↑ (26 март 2019). "Railbird Festival Reveals Inaugural Artist Lineup, Ticket Levels and Premium Experiences". Соопштение за печат.
- ↑ Reilly, Nick (13 March 2019). „Hozier, The Strokes, The 1975 and Florence & The Machine to headline Electric Picnic 2019“. NME. Архивирано од изворникот на 29 March 2019.
- ↑ Kaufman, Gil (15 March 2019). „Glastonbury 2019 Headliners Include Killers, The Cure, Stormzy, Miley Cyrus, Janet Jackson“. Billboard. Архивирано од изворникот 21 March 2019.
- ↑ Kaufman, Gil (20 March 2019). „Ariana Grande, Childish Gambino, Twenty One Pilots, The Strokes Headlining 2019 Lollapalooza: Full Lineup“. Billboard. Архивирано од изворникот 21 March 2019.
- ↑ „Official Irish Singles Chart Top 50“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 7 January 2017.
- ↑ Uitti, Jacob (February 24, 2023). „Hozier Announces New EP 'Eat Your Young'“. American Songwriter. Архивирано од изворникот 8 March 2023.
- ↑ Murray, Robin (17 March 2023). „Hozier Shares New EP 'Eat Your Young'“. Clash. Архивирано од изворникот на 17 March 2023.
- ↑ (17 мај 2023). "Hozier announces forthcoming album Unreal Unearth is set to release August 18". Соопштение за печат.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Хозиер на Семрежната филмска база на податоци (англиски)