Сирша Ронан
Сирша Уна Ронан (родена на 12 април 1994 г.) — ирско-американска глумица.
Сирша Ронан | |
---|---|
Ронан на 69. доделување на наградите БАФТА во 2016 година | |
Роден(а) | Сирша Уна Ронан 12 април 1994 Њујорк, САД |
Државјанство |
|
Занимање | Глумица |
Активен период | 2003–сè уште |
Родители | Пол Ронан |
Првично забележана поради нејзините улоги во историски драми на почетокот на својата кариера,[1] Ронан се здобила со неколку значајни награди, вклучувајќи Златен глобус и четири номинации за наградата Оскар и пет номинации за БАФТА.
Своето глумечко деби го имала во 2003 година во ирската медицинска серија Клиника, додека во 2007 година го имала своето филмско деби во Никогаш нема да бидам твоја (2007). Таа направила пробив со улогата во Покајание (2007), за која добила номинација за Оскар за најдобра глумица во споредна улога. Таа ја продолжила својата кариера играјќи главни улоги во филмовите Прекрасни коски (2009) и Хана (2011), и споредна улога во Гранд хотел Будимпешта (2014). Таа се здобила со критичко признание за улогата на носталгичен ирски имигрант во Бруклин (2015), улогата на истоимената средношколка во Лејди Брд (2017), и улогата на Џо Марч во Малечки жени (2019). Таа била номинирана за Оскар за најдобра глумица за сите три изведби, и добила Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија за Лејди Брд.
Во театар, Ронан ја играла Абигејл Вилијамс во обновената претстава Искушение на Бродвеј во 2016 година. Истата година, Форбс ја именувало Ронан во списокот 30 под 30. Ронан исто така зборува за социјалните и политичките прашања во Ирска.
Наводи
уреди- ↑ Wolfe, Alexandra (7 December 2018). „Saoirse Ronan Would Rather Be Knitting“. The Wall Street Journal. Архивирано од изворникот 20 March 2019. Посетено на 25 April 2019.
Надворешни врски
уреди- Сирша Ронан на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Сирша Ронан — Internet Broadway Database (англиски)