Хенриета Мери Ада Вард (1 јуни 1832 година, Лондон – 12 јули 1924 година, Слаф) била британска сликарка на историски настани и други жанрови од викторијанската ера и почетокот на дваесеттиот век.[1] [2]

Живот и работа

уреди
 
Принцовите во кулата

Вард потекнувала од семејство коешто произведувало професионални уметници, неколку генерации по ред.[3] Нејзиниот дедо од таткова страна бил истакнатиот сликар на животни Џејмс Вард, којшто бил во роднинска врска со колегите уметници Џон Џексон и Џорџ Морланд. Нејзините родители исто така биле уметници: Џорџ Рафаел Вард бил најдобро познат по неговата графика, Мери Веб Вард по нејзините минијатури. Една од сликите на нејзината мајка е Портрет на Хенриета Вард и нејзиното омилено гвинејско прасе, 1843 година. Како единствено дете, младата Хенриета израснала опкружена со уметници, познајници на нејзините родители, вклучувајќи ги Сер Едвин Ландзир, Ц.Р. Лесли и браќата Џон Џејмс и Алфред Едвард Шалон. Својот занает го изучувала во уметничкото училиште Блумсбери и академијата на Хенри Сас.

Во 1843 година, кога имала 11 години, Хенриета се вљубила во 27-годишниот историски сликар Едвард Метју Вард (немале роднинска врска). Се венчале тајно во мај 1848 година, со помош на пријателката на младоженецот, Вилки Колинс — така што нејзиното моминско презиме не се променило. Некои извори повремено ја нарекуваат „Хенриета Мери Ада Вард Вард“. Мајката на Хенриета никогаш не го прифатила тоа и ја лишила од наследството.

Колинс можеби го засновал заплетот на неговиот роман Василиј од 1852 година, на свршувачката во Вард. Хенриета тврдела дека му ја дала на Колинс идејата за „Жената во бело“.[4]

Е.М. и Хенриета Вард имале осум деца, од коишто едното е Лесли Вард, карикатурист и цртач познат како „Шпион“.[5] Додека го одгледувала своето потомство, Хенриета продолжила со сопствената уметничка кариера. Работела во различни жанрови, иако, како и нејзиниот сопруг, била позната по нејзините историски слики, на теми како Томас Чатертон и Елизабет Фрај. Била забележувана и по нејзините слики од деца. Ги користела сопствените деца како модели за нејзините слики.

 
Палиси Потер

Една од нејзините најпознати слики е Палиси Потер, изложена на Кралската академија во 1866 година. Сликата го илустрира моментот кога Бернард Палиси случајно ја разнел својата куќа додека експериментирал со керамички техники. Ова дело и некои слични на него (на пример Кралицата Марија го напушта замокот Стирлинг, 1863 и Сцена од детството на Јованка Орлеанка, 1867) можеби ја направиле Хенриета најистакнатата сликарка на историски сцени во нејзината генерација.[6] Таа им одржала часови по уметност на неколку деца од дворот на кралицата Викторија и принцот Алберт.

Хенриета Вард и нејзиниот сопруг, двајцата биле поддржувачи на каузата Право на глас на жените.[7] Вардови се движеле во уметничките кругови заедно со личности како Чарлс Дикенс и Џорџ Крујкшанк. Во една пригода, Дикенс и Крујкшанк за малку ќе се скарале кога антиалкохоличарот Крујкшанк ја спречил Хенриета Вард да испие чаша шери на забава кај Дикенс.[8]

Таа живеела четириесет и пет години по нејзиниот сопруг. По неговата смрт во 1879 година, вдовицата основала сопствено уметничко училиште за да може да го прехрани своето семејство. Како и нејзината современичка Луиз Џоплинг, Хенриета Вард била специјализирана за обука на млади жени уметници. Имала добиено и пензија од 100 фунти за претходната служба како кралска учителка. Вард ги изложувала своите дела во Палатата на ликовните уметности на Светската колумбиска изложба во 1893 година во Чикаго, Илиноис.[9]

Вард објавила две автобиографии, Реминисценциите на г-ѓа Е.М. Вард во 1911 година и Спомени од деведесет години, во годината на нејзината смрт.[10] Нејзината прва книга е наречена „една од најдобрите приказни за животот на една викторијанска дама уметник“.[11] Таа оставила зад себе слика од речиси идеален брак со сопругот којшто ја охрабрувал нејзината работа и којшто бил „секогаш најљубезниот учител, најнескротливиот пријател што некогаш сум го познавала“.

Дела

уреди
 
Чатертон или, Тајната порака
  • Пазарот во Антверпен [12]
  • Принцовите во кулата (1861; Рочдејл)
  • Во Лувр, 1649 (1862) [13]
  • Кралицата Мери го напушта замокот Стирлинг (1863)
  • Палиси Потер (1866; Лестер музеј и уметничка галерија
  • Сцена од детството на Јованка Орлеанка (1867; Untraced)
  • Круната на празникот (1868)
  • Малата Беатрис во Арбор [14]
  • Ложата Квинс, Виндзор, во 1786 година (околу 1872 година; уметничка галерија Вокер, Ливерпул)
  • Чатертон, 1765 година (околу 1873 година; Бристол музеј и уметничка галерија)
  • Принцезата Шарлот од Велс (1877) [15]
  • Shut Out (1891) [16]
  • Peace and Plenty (1896) [17]

Наводи

уреди
  1. Deborah Cherry, Painting Women: Victorian Women Artists, London, Routledge, 1993.
  2. Susan Waller, Women Artists in the Modern Era: A Documentary History, Lanham, MD, Scarecrow Press, 1991.
  3. Lionel Lambourne, Victorian Painting, London, Phaidon Press, 1999; p. 308.
  4. Wilkie Collins, The Woman in White, Edited and with an Introduction and Notes by Matthew Sweet, London, Penguin Classics, 2003; Introduction, p. xxiii.
  5. Leslie Ward, Forty Years of "Spy", London, Bentano's, 1915.
  6. Charlotte Yeldham, Women Artists in Nienteenth-Century France and England, New York, Garland, 1984; p. 127.
  7. Deborah Cherry, Beyond the Frame, London, Routledge, 2000; p. 154.
  8. Jane R. Cohen, Charles Dickens and His Original Illustrators, Columbus, OH, Ohio State University Press, 1980; p. 33.
  9. Nichols, K. L. „Women's Art at the World's Columbian Fair & Exposition, Chicago 1893“. Посетено на 30 July 2018.
  10. Mrs. E. M. Ward, Memories of Ninety Years, Edited by Isabel G. McAllister, London, Hutchinson, 1924.
  11. Christopher Wood, Victorian Painting, Boston, Little, Brown & Co., 1999; p. 327.
  12. 'Visits to Private Galleries of the British School: The Collection of William Bashall, Esq., of Farington, Lancashire', The Art Journal , July 1857, pp. 206–8 (207).
  13. Christie's, London, 6 December 1935, lot 129.
  14. The painting was contributed by the artist to the 'Exhibition for the Benefit of the Distressed Peasantry of France', London in 1871 (no.69) and priced 20 guineas.
  15. Christie's, London, 15 February 1929, lot 49.
  16. Walter F. Morice, his sale, Christie's, London, 12 May 1922, lot 102.
  17. Walter F. Morice, his sale, Christie's, London, 12 May 1922, lot 103.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди