Хаплогрупа LT или LT-L298/P326, позната и како К1 (и до 2008 година како Хаплогрупа К2) — хаплогрупа на ДНК на Y-хромозомот. Нејзините дефинирачки SNP мутации се L298 и P326.

Хаплогрупа LT
Можно време на потекло49,600-41,400 години п.н.е.[1]
ПредокK
ПотомциL, T
Својствени мутацииL298 и P326

Не се идентификувани потврдени случаи на базална парагрупа LT* кај живи машки или човечки останки.

Структура

уреди

Општо се верува дека LT (L298/P326) потекнува некаде во Азија.

LT е директен потомок на хаплогрупата К (М9).

Директните потомци на LT се хаплогрупата L (M20), позната и како K1a и хаплогрупата T (M184), позната и како K1b.[2][3]

Распространетост

уреди

Y-ДНК хаплогрупата LT е стара лоза широко распространета при ниски концентрации. Основана е пред приближно 30.000-40.000 години, веројатно во Јужна Азија или Западна Азија.

Неговите потомци се наоѓаат главно кај домородните популации на Рогот на Африка, Северна Африка, Јужна Азија, Западна Азија, Средна Азија и Европа.

L-M20 се наоѓа на највисока честота во Индија, Пакистан и меѓу Балусите во Авганистан, и на ниски честоти на Блискиот Исток и Европа.

T-M184 е најзастапен во Рогот на Африка, долината на Нил, Арапскиот полуостров, Иран, како и во некои региони на Источна Индија и Европа.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. YFull YTree v4.02
  2. International Society of Genetic Genealogy, 2015, Y-DNA Haplogroup Tree 2015 (30 May 2015).
  3. Chiaroni, J.; Underhill, P. A.; Cavalli-Sforza, L. L. (December 2009). „Y chromosome diversity, human expansion, drift, and cultural evolution“. Proc. Natl. Acad. Sci. U.S.A. 106 (48): 20174–9. Bibcode:2009PNAS..10620174C. doi:10.1073/pnas.0910803106. JSTOR 25593348. PMC 2787129. PMID 19920170.