Турбофолк
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Турбофолк — музички жанр што настанал во Југославија во 1980-те години. Настанал под влијание на популарните поп-фолк изведувачи од 80-те, како што е Лепа Брена, Весна Змијанац и Драгана Мирковиќ. Врвот на популарноста го достигнал во 1990-те години од минатиот век, а најголема турбофолк-продукција настанала во Србија. Како последица на економската криза, национализмот и падот на сите вредности во општеството турбофолкот го најде своето место кај балканските народи кои на овој начин добија евтина забава. Имал силно влијание на поп-фолк и техно-фолк музиката во поранешните југословенски републики, но и во некои други земји, како Бугарија.
За турбофолкот се вели дека е кафеанска музика, а посебно популарен е називот “народњаци“, како за музиката, така и за изведувачите. Терминот турбофолк прв го употребил пејачот Рамбо Амадеус. Некои музички аналитичари сметаат дека турбофолкот всушност е уништил народната песна на народите од Балканот и од народна музика со висок квалитет направил новокомпонирана песна без критериум како во музичка така и во текстуална смисла.
Турбофолкот настанал од поп-фолкот, под големо влијание на модерните стилови. Всушност, овој мелос е мешавина од српска етно музика и ромска музика, а се чувствува и влијание на арапска, турска и грчка народна музика..
Оваа статија за музика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |