Хавајско-алеутски часовен појас
Хавајско-алеутски часовен појас — часовен појас во САД, десет часа зад координираното универзално време (UTC) при стандардно сметање (UTC−10:00) и девет часа зад него при летно сметање (UTC−09:00)[1][2]. Часовничкото време на појасот се води по средното сонечево време на 150. западен меридијан од Гринич.
Хавајско-алеутски часовен појас | |
---|---|
часовен појас | |
Отстапување од UTC | |
HST | UTC−10:00 |
HDT | UTC−09:00 |
Тековно време | |
23:37, 4 ноември 2024 HST [поднови] {{time}} — грешка при пресметување на времето и датумот (dst) (помош) | |
Сметање на летно време | |
Летното време важи во целиот појас. |
Часовниот појас е наречен по двете подрачја кои ги опфаќа: Хаваите и дел од Алеутските Острови на Алјаска западно од 169° 30′ ЗГД.
При летно сметање на времето (DST), алјаскиот дел се види по хавајско-алеутското летно време (HDT, UTC−09:00), додека пак Хаваите остануваат на стандардното време, бидејќи таму летното време е укинато во септември 1945 г.[3]
Од 1900 до 1947 г. стандардно време на Хаваите било UTC−10:30.[4]
Француска Полинезија користи UTC−10:00 за поглемите населени места.[5] Истото време важи и на Куковите Острови.[6] Во овие краишта не важи летното сметање на времето. „Хавајско-алеутски часовен појас“ е американски поим и затоа полинезиските подрачја не се сметаат за дел од овој појас.
Најголемиот град во хавајско-алеутскиот часовен појас е Хонолулу.
Поголеми градови
уреди- Капаа, Хаваи
- Каилуа-Кона, Хаваи
- Кахулуи, Хаваи
- Хило, Хаваи
- Хонолулу, Хаваи
Други значајни места
уреди- остров Адак, Алјаска
- Џонстонов Атол
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „U.S. Government Printing Office Style Manual: An official guide to the form and style of Federal Government printing“ (PDF). U.S. Government Printing Office. 2008. стр. 234. Посетено на 24 јули 2017.
Time zones §9.47. The following forms are to be used when abbreviating names of time zones: ... HDT—Hawaii-Aleutian daylight time (not observed in HI) ... HST—Hawaii-Aleutian standard time
- ↑ „What are the time zones in the United States?“. National Institute of Standards and Technology, U.S. Department of Commerce. 2016. Посетено на 24 јули 2017.
Hawaii-Aleutian (HT); HST -10; HDT -9; DST observed in Aleutian Islands, but not Hawaii
- ↑ „Daylight Saving Time 2021 in Hawaii, United States“. www.timeanddate.com (англиски). Посетено на 22 март 2021.
- ↑ „Sources for Time Zone and Daylight Saving Time Data“. Архивирано од изворникот на 23 јуни 2012. Посетено на 18 јуни 2012.
- ↑ „Current Local Time in Papeete, Tahiti, French Polynesia“. www.timeanddate.com (англиски). Посетено на 22 март 2021.
- ↑ „Time Zones in Cook Islands“. www.timeanddate.com (англиски). Посетено на 22 март 2021.
Надворешни врски
уреди- HST — хавајско-алеутско стандардно време (англиски)
- HDT — хавајско-алеутско летно време (англиски)
- Кои се часовните појаси во САД? — NIST (англиски)
- Хаваско-алеутски часовен појас — Корнел (англиски)