Управа за геопросторно информирање на Јапонија

Управа за геопросторно информирање на Јапонија јапонски: 国土地理院; трск. кокудо чири-ин}} — државна установа задолжена за премер и картографија на јавното земјиште во Јапонија. Од 1949 до 2010 г. установата се нарекувала Институт за географски премер.[1] Работи во состав на Министерството за земја, инфраструктура и транспорт. Седиштето се наоѓа во градот Цукуба во префектурата Ибараки.

Зградата на Управа за геопросторно информирање на Јапонија

Во рамките на дејноста, управата раководи и со Научниот музеј на картографијата и премерот (地図と測量の科学館) во Цукуба.

Земјотресно предвидување

уреди

Почнувајќи од 1996 г., управата постојано мери и набљудува сеизмички активности во Геодетската опсерваторија во Мизусава и станицата Есаши. Во нив се мерат флуктуациите во Земјиното магнетно поле што одговараат на сеизмички бранови и пореметувања, со цел да се дојде до што понавремено утврдување на земјотреси .

Управата членува во Координативната комисија за предвидување на земјотреси.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ново име на институтот Архивирано на 11 мај 2012 г. (англиски)
  2. Организации со кои соработуваме — Координативната комисија за предвидување на земјотреси (англиски) посет. 19 март 2011 г

Надворешни врски

уреди