Аокигахара (јапонски: 青木ヶ原), позната и како Море од Дрвја (јап. 樹海) — шума северозападно од подножјето на планината Фуџи на јапонскиот остров Хоншу. Вкупната површина е околу 35 км². Теренот опфаќа многу карпести пештери, а особеностите на местоположбата, особено густината на шумата и низините, обезбедуваат „заглушувачка“ тишина. Исто така, се тврди дека има огромни наоѓалишта железна руда под земја во шумската област. Ова очигледно го објаснува фактот што компасите не работат во Аокигахара. Земјиштето на кое се наоѓа шумата е вулканска карпа што е прилично густа и не може да се работи со рачни алатки, како мотики и лопати.[1]

Аокигахара
青木ヶ原 (јапонски)
Аокигахара

Аокигахара

планина Фуџи
Местоположби на Аокигахара и планината Фуџи
Екологија
Екозонапалеарктика
Биомшироколисни и мешани шуми
Географија
Површина35 км2
ЗемјаЈапонија Јапонија
ПрефектураЈаманаши
Координати35°28′12″N 138°37′11″E / 35.47000° СГШ; 138.61972° ИГД / 35.47000; 138.61972
Заштита
Заштитен статусстабилно

Позната е како популарно место за самоубиства и наводно е најпопуларното во Јапонија. Исто така, се сместува како втора во светот по мостот Златна порта во Сан Франциско.[2] Во шумата има знаци и на јапонски и на англиски јазик, кои се обидуваат да ги убедат луѓето да не се самоубијат. Се вели дека шумата е прогонувана од јуреи (лути духови), кои биле оставени да умрат. Луѓето што одат таму за да си го одземат животот обично врзуваат конец кога влегуваат, така што ако се предомислат и сакаат да излезат живи, да можат да си го најдат патот, но никој никогаш нема излезено.[3]

Историја

уреди

Аокигахара е позната како Шума на Самоубијците. Првично била поврзана со јапонската митологија. Легендите за ова место им биле познати на Јапонците уште од средновековието, а во XIX век сиромашните семејства донеле старци и деца што не можеле да ги нахранат и ги оставиле тука да умрат.[4] Традиционално, суеверните Јапонци лесно веруваат во натприродните сили што живеат во шумите, и во ѓаволи и призраци што живеат меѓу дрвјата на Аокигахара.[5]

Наводи

уреди
  1. Harrington, Patrick (22 January 2017). „Hiking in a Forest Born Out of Mount Fuji's Lava“. The New York Times. стр. TR8.
  2. „Exiting Early“. The Wall Street Journal. Посетено на 2012-12-15.
  3. „STUDIO 360 IN JAPAN“. Studio 360. Архивирано од изворникот на 2011-04-08. Посетено на 2012-12-15.
  4. „The Suicide Woods of Mt. Fuji“. Seek Japan | Your Guide To Living, Working And Traveling In Japan (англиски). 2021-02-25. Посетено на 2023-12-17.
  5. Blair Mathis (2008-06-24). „Backpacking Japan: Aokigahara Jukai- the Forest of Death“. Associated Content, Inc. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 2010-05-19. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

уреди