Јаманака (езеро)

езеро во Јапонија

Јаманака (јапонски: 山中湖, трск. јаманака-ко) — езеро во префектурата Јаманаши, Јапонија, близу планината Фуџи. Сместено е кај селото Јаманакако во склоп на Националниот парк Фуџи-Хаконе-Изу.[1]

Јаманака
山中湖
Поглед на езерото и планината Фуџи
ПодрачјеЈаманакако
Координати35°25′0″N 138°52′30″E / 35.41667° СГШ; 138.87500° ИГД / 35.41667; 138.87500
Главни истециСагами
Сливни земјиЈапонија
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
6,46 км2 км2
Најг. длабочина13,5 м м
Зафатнина0,069 км3 км3
Надм. височина982 м м

Ова е најголемо од групата Пет езера на Фуџи по површина и највисоко по надморска височина. Со средна површинска висина од 980,5 м го зазема третото место по височина во земјата. Меѓутоа, ова езеро е најплиткото од петте, со максимална длабочина од само 13,5 м. Настанало со тековите на лавата од некогашно избувнување на Фуџи во праисторијата. Истекува во реката Сагами и е единствено од петте што има природен истек.[2]

Во периодот Мејџи езерото е порибено со крап, клен и гавун, а направен е и неуспешен обид за доведување на тихоокеанскиот лосос. Во поново време, странските доведени видови како црн костреш и синоперна сончаница сè повеќе ги истиснуваат домородните видови. Во 1956 г. е забележано присуството на алгата маримо.

Јаманака е популарно место за рекреации како пловидба со чамци, рибарење, скијање на вода, едрење на даска, екскурзии и пливање. Кога дува западен ветер, местото е погодно за надлетување со парагладер од планината Мјоџинјама. На располагање стојат и колиби и места за кампување.

Во 2013 г. езерото е прогласено за светско наследство на УНЕСКО како дел од културното подрачје на планината Фуџи.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Национален парк Фуџи-Хаконе-Изу Архивирано на 28 август 2012 г.Министерство за животна околина на Јапонија (англиски)
  2. Rafferty, Tectonics, Volcanoes, and Earthquakes. стр. 135
  3. „Фуџи — свето место и извор на уметничка инспирација: Карти“. Светско наследство. УНЕСКО. Посетено на 2013-07-04.
  • Rafferty, John P. Plate Tectonics, Volcanoes, and Earthquakes. Rosen Publishing (2010), ISBN 1615301062

Надворешни врски

уреди