Фридрих Вилхелм Ернст Паулус (гер. Friedrich Wilhelm Ernst Paulus, Брајтенау, Гуксхаген, 23 септември 1890 — Дрезден, 1 февруари 1957) бил германски генерал, подоцна унапреден во фелдмаршал, во текот на Втората светска војна.

Фридрих Паулус

Фридирих Паулус бил син на учител. Безуспешно се обидувал да се зачлени во Германската морнарица, и кратко време поминал студирајќи права на Универзитетот во Марбург. Кога не успеал на студиите, го напуштил универзитетот, и се зачленил во 111-тиот пешадиски полк, во февруари 1910 година. Се оженил со Елена Розети-Солеску на 4 јули 1912 година.

Првата светска војна

уреди

Кога започнала Првата светска војна, Паулусовит полк помогнал во нападот на Франција, и се борел во областа Возгес (Vosges), и околу Арас (Arras), во есента 1914 година. После отсуството поради болест, стапил во Алпенкорпс како штабен офицер, и служел во Македонија, Франција, и Србија. До крајот на војната го стекнал чинот на капетан.

Паулус останал во Германската војска, која е во голема мера намалена после Версајскиот мировен договор, и доделен е на 13-тиот пешадиски полк во Штутгарт, како командант на армијата. Служел на разни штабни позиции подолго од деценија (1921-1933) а потоа кратко командирал со моторизованата бригада (1934-1935) пред да биде поставен за началник на штабот во седиштето Панцера во 1935 година.

Втората светска војна

уреди

Паулус oстанал на должноста како началник на штабот во Панцера сè до 1939 година, кога бил унапреден како генерал-мајор, и станал началник на штабот на Германската десетта армија, која служела во Полска, Холандија, и Белгија. Десеттата армија е подоцна преименувана во Шеста армија. Поставен е за заменик на началникот на генералштабот во 1940 година, и на германската Шеста армија во јануари 1942 година, и го водел нападот на Сталинград.

Без разлика на неговата добра процена, Паулус ги следел Хитлеровите наредувања да ги задржи позициите во Сталинград по секоја цена, дури и кога неговите сили биле потполно обколени. Обидот за омош на армијската група Дон, која биле предводена од страна на Фелдмаршал Ерих Фон Манштајн, бил неуспешен, што било неизбежно, затоа што германската војска немала доволна сила да ги победи советските сили кои ја држеле Шестата армија во обрач, како и поради фактот дека кога е извршен овај обид за спасување, Паулусовите преостанати оклопни возила имале доволно горива за само 20 километри. Што и да се случило, на Паулус не му било дозволено да се обиде да побегне, и Шестата армија била конечно прегазена, заедно со румунските, хрватските (со исклучок на совезниците под команда на Марко Месича), унгарската и другите сојузници, кога од недостаток на муниција и опрема, уморот и болеста во редовите на Германската војска станале прејаки, за Германците да можат да се спротивстават на нападите на Црвената армија, кон крајот на јануари 1943 година. Сталинградската битка е водена со неверојатна жештина, и со сигурност спаѓа во некулкоте најкрвави битки во историјата на човештвото.

Паулус не бил способен, или немал волја и покрај на Хитлеровите наредувања да проба да ги спаси неговите луѓе со обид за пробивање од обрачот. Меѓутоа, тој исто така одбил да изврши самоубиство, што Хитлер посакувал. Од Паулус било очекувано да го држи Сталинград до смртта. На 30 јануари 1943 година, Хитлер го унапредил Паулус во чинот фелдмаршал , после што судбината на Шестата армија била замечатена, Поради тоа што ниеден германски фелдмаршал во историјата не се предал, импликацијата на ова унапредување била јасна.

Паулус се предал на 31 јануари 1943 година. Во советското заробеништво гласен критичар на нацистичкиот режим, стапуваќи во (организиран од страната на Русите) Национален комитет за слободна Германија, повикувајќи ги Германците на предавство. Подоцна бил сведон на оптужбите на судењате во Нирнберг. Пуштен е во 1953 година, две години пред репатријацијата на останатите германски војни заробеници (повеќемината преостанати ветерани од Сталинград), кои биле окарактеризирани за воини злосторници од страна на Советите.

Паулус останал контроверзна историјска личност, и покрај промените во однесувањето и спротивставувањето на Хитлер.

Фридрих Паулус умрел во Источна Германија, како инспектор на полицијата.