Фридланд (Долна Саксонија)

општина во Германија

Фридланд (германски: Friedland) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Лајне, околу 13 километри јужно од градот Гетинген. Нејзиното седиште е во селото Грос Шнен, една од петте единици во општината, во која припаѓаат и Фридланд, Клајн Шнен, Лихтенхаген и Рајфенхаузен.

Фридланд
Железничка станица во Фридланд
Железничка станица во Фридланд
Железничка станица во Фридланд
Грб на Фридланд
Фридланд во рамките на Германија
Фридланд
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гетинген
Месни единици 14
Градоначалник Андреас Фридрикс (СДП)
Основни податоци
Површина 75,68 км2
Надм. височина 181 м
Население 14.744 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 195 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.
Пошт. бр. 37133
Повик. бр. 05504
Портал www.friedland.de
Местоположба на Фридланд во рамките на округот Гетинген
Карта
Карта
Координати 51°25′18″N 9°54′52″E / 51.42167° СГШ; 9.91444° ИГД / 51.42167; 9.91444

Бегалски камп „Фридланд“

уреди

Во септември 1945 година, сојузната британска комисија изградила камп во Фридланд, близу американските (Хесен) и советските (Тирингија) окупациски зони. Кампот бил предвиден за прва станица за бегалците, евакуираните и повратниците, меѓу кои и војниците. Започнувајќи во 1947 година, кампот бил раководен од сојузната покраина Долна Саксонија. Во текот на масовните протерувања од 1944 до 1945 година, кампот нудел услуги на големи бранови на бегалци. Потоа, служел главно за попатна станица за Германците протерани од источните земји, особено од Полска, Романија и Советскиот Сојуз. Помеѓу 1950 и 1987 година, околу 1,4 милиони лица со германско потекло дошле во Сојузната Република Германија од Исток; повеќе од 60% од овие емигранти дошле од Полска.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. The Friedland Refugee Camp Source: GHDI - German History in Documents and Images

Надворешни врски

уреди