Франциска (оружје)

Франциска (или франческа) — секира за фрлање која се користела како оружје во текот на раниот среден век од страна на Франките, кај кои тоа било карактеристично национално оружје во времето на Меровинзите од околу 500 до 750 AD и се знае дека била користена за време на владеењето на Карло Велики (768–814).[1] Иако главно се поврзува со Франките, таа исто така била користена и од други германски народи од тој период вклучувајќи ги и Англосаксонците така што неколку примероци биле најдени и во Англија.[2]

Разни типови франциски.

Потекло на поимот

уреди

Зборот франциска првпат се појавил во книгата Ethymologiarum sive originum, libri XVIII од Исидора од Севиља (околу 560636) како име користено меѓу Шпанците за опис на овие оружја "бидејќи биле употребувани од Франките".

Историчарот Григориј Турски (c. 538594) во неговата книга Историја на Франките’’ користи два латински термина за секирата на Франките: securis и bipennis.

Режимот од Виши користел слика на стилизирана ’’франциска’’ со две лица како дел од нивната иконографија.

Опис

уреди

Франциската се одликува по сводесто обликуваното сечило, широко на остриот раб а потоа закосено на долниот и горниот дел. Врвот на главата на секирата е обично во форма на латинската буква S. Рачката на секирата е кратка и дрвена[1][2] Централниот дел на железото формира агол од околу 90 до 115° со рачката. Повеќето сечила на франциската се околу 11 и 22 сантиметри во должина, и тежат околу 200 и 1 300 грама. Археолошките пронајдоци покажуваат дека воените елити на Франките ја користеле франциската (таа не била толку често застапена кај обичните војници). Воините веројатно ја фрлале од околу 10-12 метри далечина. Сечилото било доволно тешко за да ја погоди метата но поради рачката, траекторијата не била толку правилна како на копјето, па со тоа се намалувала и прецизноста.

Употреба

уреди

Римскиот историчар Прокопиј (о. 500565) ги опишал Франките и начинот на употребата на нивната секира:

„... секој носеше меч и штит и секира. Железото на ова оружје беше тенко и премногу остро на обете страни додека дрвената рачка беше мошне кратка. Тие се навикнати да ги фрлаат овие секири на еден сигнал а тоа ги пробива штитовите на непријателите и го убива човекот.“[2]


Прокопиј јасно кажува дека Франките ги фрлале нивните секири веднаш пред битката гради во гради со цел да ги скршат штитовите на првата непријателска линија, ранувајќи ги или убивајќи ги непријателските воини. Дури и ако острицата не ја погодела целта, оружјето било доволно тешко за да предизвика повреда. Ефектот на франциската бил воедно и да ги исплаши противниците кои после првиот напад на фрлените секири би можеле да побегнат мислејќи дека ќе следи и втор.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Tarassuk, Leonid; Blair, Claude (1982). The Complete Encyclopedia of Arms and Weapons: the most comprehensive reference work ever published on arms and armor from prehistoric times to the present with over 1,250 illustrations. Simon & Schuster. стр. 186. ISBN 067142257X.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Underwood, Richard (1999). Anglo-Saxon Weapons and Warfare. p.35-37. Tempus Publishing. ISBN 0752419102.

Надворешни врски

уреди