Формозански јазици
Формозански јазици или тајвански јазици — група австронезиски јазици кои се зборуваат/ле на територијата на денешен Тајван. Тие се староседелските народи на островот и во државата се признати како официјално малцинство и денес се околу 2% од вкупното население на државата.[1] Сепак, бројот на староседелци кои ги зборуваат мајчините јазици е далеку помал од бројот на вкупното староседелско население, најмногу благодарение на јазичната асимилација. Од околу 26 јазици, најмалку десет се изумрени, четири или пет се при умирање[2][3] и уште неколку од нив се сметаат за загрозени. Староседелските јазици во Тајван имаат голема важност во историската лингвистика, бидејќи Тајван се смета за место од каде потекнуваат сите австронезиски јазици.
Формозански јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Тајван |
Класификација: | австронезиски |
Гранки: | |
ISO 639-5: | fox |
Јазици
уредиВо лингвистиката има спорови за тоа кој јазик се смета за посебен, а кој за дијалект од некој друг. Во прилог следува списокот на формозански јазици така како што најчесто се наведува во науката.
Живи јазици
уреди- атајалски јазик
- бунунски јазик
- амиски јазик
- канаканабуски јазик
- кавалански јазик
- пајвански јазик
- саисијатски јазик
- пујумски јазик
- рукајски јазик
- сароаски јазик
- седички јазик
- јамиски јазик — не е формозански, но се зборува на Тајван.
- таоски јазик
- цоуски јазик
Мртви јазици
уреди- бабузаски јазик
- басајски јазик
- фаворланшки јазик
- хоањски јазик
- кетагалански јазик
- макатаоски јазик
- пазешки јазик (последен говорник: Пан Џин-ју; умрел на 24 октомври 2010 г.)
- папорски јазик
- таивоански јазик
- таокаски јазик
- сирајаски јазик
Географска распространетост
уредиНаводи
уреди- ↑ Council of Indigenous Peoples, Executive Yuan "Statistics of Indigenous Population in Taiwan and Fukien Areas" Архивирано на 30 август 2006 г..
- ↑ Zeitoun, Elizabeth & Ching-Hua Yu "The Formosan Language Archive: Linguistic Analysis and Language Processing" Архивирано на 20 јули 2011 г.. Computational Linguistics and Chinese Language Processing. Volume 10, No. 2, June 2005, pp. 167-200
- ↑ Li, Paul Jen-kuei and Shigeru Tsuchida. 2006 [In press] Kavalan Dictionary《噶瑪蘭語詞典》. Institute of Linguistics, Academia Sinica Monograph Series No.A19. Taipei: Academia Sinica
Користена литература
уреди- Blust, Robert A. 2009. The Austronesian Languages. Canberra: Pacific Linguistics, Research School of Pacific and Asian Studies, Australian National University. ISBN 0858836025, 978-0858836020.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Проект за формозанските јазици Архивирано на 2 мај 2006 г.
- Лингвистиката и формозанските јазици Архивирано на 9 февруари 2010 г.
- Map: Формозанските јазици и јами Архивирано на 3 јули 2007 г. (PDF)
Оваа статија поврзана со австронезиските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |