Сароаски јазик
Јазик
Сароаскиот јазик (ɬaʔalua) е јужен цоуски јазик кој го зборува/л народот Сароанци, староседелски народ на Тајван. Јазикот е дел од подгрупата на формозански јазици, кои пак се дел од семејството австронезиски јазици. Во 1990 година било забележано дека само неколку деца го зборуваат јазикот, покрај одредена група на постари лица и со тоа се констатирало дека јазикот е при умирање. Како главен јазик на народот Сароа се наметнал бунунскиот јазик. Тие го прифатиле јазикот кога Бунанците се доселиле во сароаските територии. Овој јазик има голем број позајмени зборови од рукајскиот јазик, со кој е и географски близок.[1]
Сароаски јазик | |
---|---|
Застапен во | Тајван |
Подрачје | западен дел на централните планини во Тајван. |
Говорници | н/п |
Јазично семејство | австронезиско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | sxr |
Наводи
уреди- ↑ Li, Paul Jen-kuei. 2001. "The Dispersal of the Formosan Aborigines in Taiwan." Languages and Linguistics 2.1:271-278, 2001.
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со австронезиските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |