Филм на белите телефони
Филмот за белите телефони е кинематографски поджанр на комедијата, популарен во Италија помеѓу 1936 и 1943 година.
Името потекнува од присуството на бели телефони во првите филмови произведени во овој период, со што се претставува социјалната разлика: статусен симбол што ги разликува од оние со „популарните“ телефони од бакелит, поевтини па така и пошироко распространети, кои пак биле во црна боја. Биле наречени исто така и деко филмови поради просторното уредување со голем број предмети кои потсетуваат на меѓународниот деко стил, популарен во тие години.
Дел од критичарите во последниве години го дефинираат и како унгарска комедија бидејќи, и покрај тоа што се во италијанска продукција, темите и сценаријата на овие филмови често се црпени од унгарски театарски автори, многу модерни во тој историски период; овие филмови често биле сместени во имагинарни држави во Источна Европа поради цензура, бидејќи повторливата тема на овие сентиментални комедии била закана од развод (во тоа време нелегално во Италија) или од прељуба (во тоа време казниво како кривично дело против моралот).
Потекло
уредиФилмот на белите телефони се раѓа по успехот на италијанската кинематографска комедија од раните триесетти: тоа била полесно издание, исчистено од секаков интелектуализам или прекриена социјална критика.
Марио Камерини и Алесандро Блазети ја претставуваат новата кинематографија базирана на симболичната фраза на Мусолини Киното е најсилното оружје!;
„Благородното“ потекло на „белите телефони“ најчесто се гледа во киното на Камерини, почнувајќи од Rotaie (1929), во кој режисерот ја претставил - со одек на германската експресионистичка кинематографија или наведувајќи ги современите советски кинематографски авангарди - реалноста на кризните години, во реално време; ова било генерално ризично бидејќи режисерот можел да наиде - повеќе или помалку неволно - на укорот од режимот, дури и ако околината на фашистичката кинематографија изгледала како толерантна, со многу предупредувања и „отворена“ дури и за оние интелектуалци кои не биле дел од PNF. Последователно, во филмот Gli uomini, che mascalzoni...,, од 1932 година, Камерини го претставува Милано со обновен изглед: модата, превозните средства и многу други предмети станале симболи на една епоха во развој.
Буржоазијата, ситната буржоазија и „среќниот“ градски пролетаријат биле добро претставени и опишани во филмовите на Камерини: на тој начин бил предложен обновен, или сосема нов модел, наменет за самата јавност, која ги преполнила кината. Но, обидот за буржоазирање или нејзината емулација од страна на народот, што е јаката страна во филмовите на белите телефони, во овие две дела на Камерини не било претставено позитивно, па затоа и немало простор за завидување; наместо тоа, се воздигнува работата како средство за општествено откупување, што се гледа во крајот на веќе споменатиот Rotaie (тоа ќе се отслика, во повоениот период, со безумноста на буржоазијата, гледана под критичкото окото на Микеланџело Антониони).
Одлики
уредиПродукцијата на таканаречените бели телефони или филм Деко ги опишува триесеттите и раните четириесетти години преку уредувањето на собите, покрај веќе споменатата мода и обичаи. Епохата се претставува преку деталите: предметите ни ги ја опишуваат историската ера и околностите на филмот. Општо земено, се шири, барем во градовите, „квалитетниот производ“, кој не е рачно направен, туку масовните индустриски предлози, масовно произведените производи.
Функционализмот на Баухаус пристигна и во Италија и, како што може да се види во овие филмови, Италија ја „обновува“ сопствената модерна и ефикасна слика и во која полека почнува да се шири потрошувачкото општество; претставена со рационалистичкиот архитектонски стил и индустрискиот фермент што самиот режим го промовираше; во овие лесни филмови присутна е фасцинација која цели кон надеж во иднината.
Протагонисти
уредиМеѓу најважните режисери за жанрот се: Марио Камерини, Алесандро Блазети, Марио Бонард, Марио Матоли, Карло Лудовико Брагаља, Макс Нојфелд и Џенаро Ригели .
Меѓу најрепрезентативните актери: Катерина Борато, Асија Норис, Ческо Базеџо, Елса Мерлини, Росано Браци , Клара Каламаи, Лилија Силви , Вера Карми, Џино Черви, Валентина Кортезе, Виторио Де Сика, Дорис Дуранти , Луиза Ферида, Алида Вали, Карло Кампанини, Кеко Рисоне, Марија Меркадер, Марија Денис, Освалдо Валенти, Виви Џои .
Филмографија
уредиПрекурсори
уреди- La segretaria privata, во режија на Гофредо Алесандрини (1931)
- Due cuori felici во режија на Балдасаре Негрони (1932)
- Gli uomini, che mascalzoni..., режија: Марио Камерини (1932)
- Cercasi modella, во режија на Феручо Бјанкини и Емерих Војтек Емо (1932)
- L'impiegata di papà, во режија на Алесандро Блазети (1933)
- Una notte con te, во режија на Феручо Бјанкини и Емерих Војтек Емо (1933)
- Ninì Falpalà, во режија на Амлето Палерми (1933)
- Paprika од Карл Боез (1934)
- L'eredità dello zio buonanima (film 1934) од Амлето Палерми (1934)
- Lisetta, од Карл Боез (1934)
Филмографија на бели телефони
уреди- L'albero di Adamo во режија на Марио Бонард (1935)
- Allegri masnadieri, во режија на Марко Елтер (1936)
- Аmazzoni bianche, во режија на Џенаро Ригели (1936)
- Darò un milione, во режија на Марио Камерини (1936)
- Ma non è una cosa seria (film 1936), во режија на Марио Камерини (1936)
- Re di denari, во режија на Енрико Гвацони (1936)
- Il feroce Saladino, во режија на Марио Бонард (1936)
- Pensaci, Giacomino! (film 1936)", во режија на Џенаро Ригели (1936)
- Sette giorni all'altro mondo, во режија на Марио Матоли (1936)
- Musica in piazza, во режија на Марио Матоли (1936)
- Nozze vagabonde, во режија на Гвидо Брињоне (1936)
- L'uomo_che_sorride", во режија на Марио Матоли (1936)
- Una donna tra due mondi,, во режија на Гофредо Алесандрини (1936)
- Non ti conosco più, во режија на Нунцио Маласома (1936)
- I due misantropi, во режија на Амлето Палерми (1936)
- I tre desideri, во режија на Џорџо Ферони (1937)
- Felicita Colombo, режија Марио Матоли (1937)
- Eravamo sette sorelle, во режија на Нунцио Маласома (1937)
- Fermo con le mani, во режија на Геро Замбуто (1937)
- Il signor Max, во режија на Марио Камерини (1937)
- Gli uomini non sono ingrati во режија на Гвидо Брињоне (1937)
- I fratelli Castiglioni, во режија на Корадо Д'Ерико (1937)
- Nina, non far la stupida, во режија на Нунцио Маласома (1937)
- Questi ragazzi, во режија на Марио Матоли (1937)
- Stasera alle undici, во режија на Оресте Бјанколи (1937)
- Gli ultimi giorni di Pompeo, во режија на Марио Матоли (1937)
- È tornato carnevale, во режија на Рафаело Матарацо (1937)
- Gatta ci cova, во режија на Џенаро Ригели (1937)
- Contessa di Parma, во режија на Алесандро Бласети (1937)
- Ho perduto mio marito, во режија на Енрико Гуацони (1937)
- Ai vostri ordini, signora..., режија: Марио Матоли (1938)
- La dama bianca, во режија на Марио Матоли (1938)
- nventiamo l'amore, во режија на Камило Мастрочинкве (1938)
- Mille lire al mese, во режија на Макс Нојфелд (1938)
- L'allegro cantante, во режија на Џенаро Ригели (1938)
- La signora di Montecarlo, во режија на Андре Бертомие и Марио Солдати (1938)
- La casa del peccato, во режија на Макс Нојфелд (1938)
- Il destino in tasca,, во режија на Џенаро Ригели (1938)
- La mazurka di papà, во режија на Оресте Бјанколи (1938)
- Per uomini soli, во режија на Гвидо Брињоне (1938)
- L'ha fatto una signora, во режија на Марио Матоли (1938)
- Amicizia, во режија на Оресте Бјанколи (1938)
- Stella del mare, во режија на Корадо Д'Ерико (1938)
- Voglio vivere con Letizia, во режија на Камило Мастроцинке (1938)
- Batticuore, во режија на Марио Камерини (1939)
- Assenza ingiustificata, во режија на Макс Нојфелд (1939)
Надворешни врски
уреди- Повторното раѓање на италијанската кинематографија. Кино на бели телефони Историска датотека од веб-страницата на РАИ: Моменти на италијанската кинематографија, 1.6.
- Сеќавање на Алберто Рабаљати .