Потрошуваштво (конзумеризам, од англиски: comsumerism) — општествен и економски поредок и идеологија поттикнува на постојано стекнување на материјални добра и услуги во сè поголеми износи.

Распродажба во излог во трговски центар

Во критички контекст, потрошуваштвото се користи за опишување на тенденцијата на луѓето да се идентификуваат силно со производи или услуги кои тие ги потрошуваат. Потрошуваштвото може да преземе екстремна форма кога потрошувачот го жртвува значително своето време и успех не само за купување туку и активно поддржување на одредена фирма или бренд.[1]

Критичарите на потрошуваштвото често нагласуваат дека потрошувачките општества се повеќе склони да ја наштетуваат животната средина, повеќе придонесуваат за глобалното затоплување и употребата на ресурси во повисока мера од другите општества.[2] Според д-р Хорхе Мајфад: "Обидувајќи се да се намали загадувањето на животната средина без да се намали потрошуваштвото е како борба против трговијата со дрога без намалување на зависноста од дрога."[3]

Наводи

уреди
  1. Eisingerich, Andreas B.; Bhardwaj, Gunjan; Miyamoto, Yoshio (April 2010). „Behold the Extreme Consumers and Learn to Embrace Them“. Harvard Business Review. 88: Pages 30–31.
  2. „Global Climate Change and Energy CO2 Production—An International Perspective“. Архивирано од изворникот на 2015-06-18. Посетено на 2015-11-04.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. Majfud, Jorge (2009). „The Pandemic of Consumerism“. UN Chronicle. Архивирано од изворникот на 2013-07-19. Посетено на 7 January 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди