Фабио Борини

италијански фудбалер

Фабио Борини (роден на 29 март 1991 во Бентивоглио, Италија) — италијански професионален фудбалер кој настапува за ФК Фатих Караѓумрук и за Репрезентацијата на Италија. Фабио Борини игра на позиција напад.

Фабио Борини
Фабио Борини во дресот на Милан во 2017 година
Лични податоци
Полно име Фабио Борини [1]
Роден на 29 март 1991(1991-03-29)(32 г.)
Роден во Бентивоглио, Италија
Висина 1.80 м (5 ст 11 ин)[2]
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Фатих Караѓумрук
Број 16
Младинска кариера
2001–2007 Болоња Болоња
2007–2009 Челси Челси
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2011 Челси Челси 4 (0)
2011Свонзи Сити Свонзи Сити (п) 9 (6)
2011–2012 Парма Парма 0 (0)
2011–2012Рома Рома (п) 24 (9)
2012–2015 Ливерпул Ливерпул 25 (2)
2013–2014Сандерленд Сандерленд (п) 32 (7)
2015–2018 Сандерленд Сандерленд 50 (7)
2017–2018Милан Милан (п) 28 (2)
2018–2020 Милан Милан 22 (2)
2020 Верона Верона 14 (3)
2020- ФК Фатих Караѓумрук 20 (9)
Репрезентација
2008–2009 Италија U17 7 (1)
2009–2010 Италија U19 5 (3)
2009–2013 Италија U21 18 (6)
2012 Италија 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 8 февруари 2020
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 29 февруари 2012

Својата фудбалска кариера ја започнал во младинскаа школа на ФК Болоња, пред да замине во ФК Челзи во 2007 година. Во Англија настапувал како позајмен играч за ФК Свонси, а во сезоната 2011–2012 како позајмен играч на ФК Рома. Во 2012 година потпишал за ФК Ливерпул, но следната сезона бил даден на позјамица на ФК Сандерленд, каде во 2015 година бил целосно откупен неговиот договор.

По две години поминати во Сандерленд, во 2017 година Борини бил даден како позајмен играч на ФК Милан, за да по крајот на сезоната неговиот договор биде откупен[3][4].

Наводи уреди

  1. „Premier League Clubs submit Squad Lists“ (PDF). Premier League. 4 септември 2012. стр. 15. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 March 2013. Посетено на 26 July 2013.
  2. „Soccerbase profile Fabio Borini“. web page. Centurycomm Limited. 2017. Посетено на 2 April 2017.
  3. Sunderland A.F.C. [@SunderlandAFC] (7 June 2018). „Meanwhile, Fabio Borini will...“ (Tweet). Посетено на 7 June 2018 – преку Twitter.
  4. „Didier Ndong: Sunderland agree fee with Torino for midfielder“. BBC Sport. 7 June 2018. Посетено на 7 June 2018.

Надворешни врски уреди