Рамадан Рамадани
Рамадан Рамадани (1972, Скопје) — македонски писател и колумнист од албанска националност.
Творештво
уредиРамадани бил долгогодишен активист во повеќе формални и неформални граѓански иницијативи. Своите дела ги објавува на албански и на македонски јазик во Македонија и во другите балкански земји. Своите раскази ги објавувал во „Окно“ и во „Jehona e Re“. Во 2019 година ја објавил книгата на албански јазик „Thërime“, а истата година ја објавил книгата со колумни на македонски јазик „Капиџик“. Покрај нив, ја напишал и збирката со кратки раскази „Трошки“.[1] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]
Наводи
уреди- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 362.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 211-214.