Нане
Нане (науч. Mentha) — род со околу 25 видови (и стотици разновидности[2]) на цветни растенија во семејството Lamiaceae. Видовите од родот Mentha имаат субкосмополитско распространување низ Европа, Африка и Азија[3], Австралија и Северна Америка. Постојат и одреден број на хибридни видови.
Нане | ||||
---|---|---|---|---|
Кадраво и питомо нане | ||||
Научна класификација [ у ] | ||||
Царство: | Растенија | |||
клад: | Скриеносеменици | |||
клад: | Евдикоти | |||
клад: | Астериди | |||
клад: | Евастериди I | |||
Ред: | Усноцветовидни | |||
Род: | Нане L. | |||
Типски вид | ||||
Кадраво нане (Mentha spicata) L. | ||||
Синоними[1] | ||||
Различните видови на нане се ароматични, речиси секогаш повеќегодишни, ретко едногодишни тревести растенија. Тие имаат разгранети подземни ризоми и исправени, разгранети стебла. Листовите се наспрамни, од прости издолжени до ланцетни, најчесто перести, со насечени рабови. Бојата на листовите се движи од темнозелена и сивозелена до розова, сина и понекогаш бледожолта.[3] Цветовите се групирани во гроздови (verticil-и) на една исправена боцка, по боја се бели до розови. Венчето е двоусно со четири субеквални венечни ливчиња, при што горните се обично поголеми. Плодот е мала и сува капсула која содржи едно до четири семиња.
Без разлика што видовите кои го сочинуваат родот Mentha се нашироко распространети и можат да се најдат во многу станишта, сепак, повеќето растат во влажни средини и на влажни почви. Нането расте до 10–120 cm во височина. Како резултат на тенденцијата на брзо распространување, нането се смета за инвазивен вид.[4]
Видови
уредиВо следната листа се претставени нехибридните видови на нане. Тука се напишани научното и народното име. Синонимите, заедно со култивираните растенија и вариетети, се испишани под видот.
|
|
Хибридни видови
уредиВо следната листа се претставени хибридните видови на нане.
|
Наводи
уреди- ↑ „Mentha L.“. Plants of the World Online. Royal Botanic Gardens, Kew. Архивирано од изворникот 6 март 2018. Посетено на 15 јули 2019.
- ↑ Davidson, Alan (1999). The Oxford Companion to Food. Oxford: Oxford University Press. стр. 508. ISBN 0-19-211579-0.
- ↑ 3,0 3,1 Brickell, Christopher; Zuk, Judith D. (1997). The American Horticultural Society: A-Z Encyclopedia of Garden Plants. New York, NY, USA: DK Publishing, Inc. стр. 668. ISBN 0-7894-1943-2.
- ↑ Brickell, Christopher; Trevor Cole (2002). The American Horticultural Society: Encyclopedia of Plants & Flowers. New York, NY, USA: DK Publishing, Inc. стр. 605. ISBN 0-7894-8993-7.