Чубрика
Чубрика или чубрица[2] (науч. Satureja) — род на ароматични растенија од семејството на усноцветните (Lamiaceae), сродни на рузмаринот и мајчината душичка. Постојат околу 30 видови, од кои најважни се градинарската и планинската чубрика.
Чубрика | |
---|---|
Градинарска чубрика (Satureja hortensis) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Усноцветни |
Род: | Чубрика L. |
Синоними[1] | |
|
Опис
уредиОвие растенија потекнуваат од топлите умерени подрачја и може да бидат едногодишни или повеќегодишни. Се јавуваат во облик на ниски билки и полугрмушки, со висина од 15–50 см.
Листовите се долги 1-3 см. Цветови се распоредени кружно околу стебленцето, а по боја се бели до розово-виолетови.
Екологија и одгледување
уредиЧубриката е храна за ларвите на некои видови пеперутки и молци. Гасениците на молецот Coleophora bifrondella се хранат исклучиво со планинската чубрика (S. montana).
Покрај ова, растенијата се одгледуваат и за украс, при што бараат сончевина и добро исцедена почва.
Македонски ендем
уредиКако ендемска во Македонија се јавува Адамовиќевата чубрика (Satureja adamovicii), и тоа само во клисурата на реката Раец.[3]
Употреба
уредиГрадинарската и планинската чубрика се користат како додаток во кулинарството. Позастапена во кујните е градинарската, но ја има само на лето. Планинската чубрика е зимзелена и расте повеќе години.
Градинарската чубрика се користи како зачин во традиционалната македонска кујна, за добивање на додатоци како „к’цана сол“ и како додаток во грав. Во Италија е присутна исто така како додаток за гравот, во романската кујна е застапена како зачин за сарми, во манџите во француската кујна.
Од S. douglasii или јерба буена (шпан. yerba buena = „добра билка“) на западот на САД се прави билен чај.
Некои видови
уреди- Satureja adamovicii - Адамовиќева чубрика, македонски ендемит
- Satureja acinos
- Satureja alpina
- Satureja coerulea
- Satureja cuneifolia
- Satureja douglasii – јерба буена (syn. S. chamissonis)
- Satureja gillesii
- Satureja hortensis – градинарска чубрика или само чубрика[4]
- Satureja mexicana
- Satureja montana – планинска чубрика или вресак
- Satureja multiflora – чилеанска чубрика
- Satureja palmeri
- Satureja rumelica
- Satureja spicigera
- Satureja subspicata
- Satureja thymbra
- Satureja viminea – извиена чубрика
- Satureja viminea
- Satureja vulgaris – обична чубрика, див босилек
Наводи
уреди- ↑ „Kew World Checklist of Selected Plant Families“.
- ↑ позната и како чебрика
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 1630. Text "series " ignored (help)
- ↑ „чубрика“ - Дигитален речник на македонскиот јазик