Матерка

род растенија
(Пренасочено од Thymus)
Матерка

Матерка (научThymus) — род со околу 350[3] видови на ароматични многугодишни растенија и полугрмушки високи до 40 см, кои припаѓаат на семејството на усноцветните растенија. Членовите потекнуваат од умерените региони на Европа, Северна Африка и Азија. Стеблата се тенки и жичести, а листовите се многугодишни кај повеќето видови, наредени наспрамно, овални, целосни и мали, долги 4–20 mm и најчесто ароматични. Цветовите се групирани во густи терминални главички, со нееднаква чашка, кај која горната усна е троделна, а долната е расцепена. Венчето е цевчесто, долго 4-10 мм, бело, розово или лилјаково.

Матерка
Тимјан (Thymus vulgaris)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Усноцветни
Род: Матерка
L.[1]
Типски вид
Тимјан (Thymus vulgaris)
L.
Синоними[2]
  • Cephalotos Adans.
  • Mastichina Mill.
  • Serpyllum Mill.
Мајчина душичка (Thymus serpyllum)

Неколку видови од овој род се одгледуваат како кулинарски билки или украсни растенија. Најпознати растенија од овој род се мајчината душичка (Thymus serpyllum) и тимјанот (Thymus vulgaris).

Видовите од родот на матерката се користат како храна од страна на ларвите на некои пеперутки (Chionodes distinctella) и тврдокрилците C. lixella, C. niveicostella, C. serpylletorum и C. struella, од кои последните три се хранат исклучително со матерка.

Ендемски видови во Македонија

уреди

Во Македонија виреат неколку ендемски видови од овој род:[4]

Наводи

уреди
  1. Linnaeus.Sp. Pl.: 590 (1753).
  2. Kew World Checklist of Selected Plant Families
  3. „Thymus Linnaeus“. Flora of China.
  4. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 927–928. ISBN 978-608-203-024-1.

Надворешни врски

уреди