Усни Доко
Усни Доко (албански: Usni Doko; Охрид, 17 јуни 1933 – Белград, 2005) — македонски и југословенски кајакар.
Животопис
уредиДоко е роден во Охрид на 17 јуни 1933 година. Настапувал заедно со Рамиз Зекир каде заедно членувале во ВК „Стрмец“ во Охрид, каде што во 1948 година учествувале на првенствата на Југославија во кајак двосед (К–2) на мирни води. Освоиле прво место на 1000 м во 1952, три први места на 500, 1.000 и 10.000 м, а во К–4 на 500 м второ место во 1953 година. Во екипна конкуренција освоил: второ во 1950 и 1952, прво во 1954 и три трети места во 1948, 1949 и 1953 година. Настапувал за Репрезентацијата на Југославија на Светското првенство на мирни води во Макон, Франција, во 1954 година, а во К–4 го освоил деветтото место. Скоро сите настапи ги имал со Рамиз Зекир. Бил прогласуван и за спортист на годината[1].
Наводи
уреди- ↑ Мицковиќ, Миодраг (12 октомври 2007). „СТИЛ: Спортот низ времето“. Утрински Весник. Посетено на 2009-12-01.