Уго Фосколо (италијански: Ugo Foscolo;[1] 6 февруари 1778 година – 10 септември 1827 година), роден како Николо Фосколо, бил италијански писател, револуционер и поет.[2]

Николо Уго Фосколо
Портрет од Франсоа-Ксавиер Фабре , 1813
Роден/а6 февруари 1778(1778-02-06)
Закинтос (Занте), Јонски Острови, Венецијанска Република, денес Грција
Починат/а10 септември 1827(1827-09-10) (возр. 49)
Турнам Грин, денес Лондон, Англија
ПочивалиштеБазиликата Санта Кроче во Фиренца
ПсевдонимДидимо Киерико
ЗанимањеПоет, писател, војник
Јазикиталијански
Националноственецијанско-грчки
ДржавјанствоВенецијанскo (1778–1799), италијанско (до 1814), британско (1814–1827)
Период1796–1827
ЖанрЛирска поезија, епистоларен роман, литературна критика
Книжевно движењеНеокласицизам, предромантизам
Потпис

Негово најзначајно дело е поемата Гробници од 1807 година.

Биографија

уреди

Фосколо е роден во Закинтос на Јонските острови. Неговиот татко Андреа Фосколо бил осиромашен венецијански благородник, а неговата мајка Дијамантина Спатис била Гркинка.[3][4][5][6][7]

Во 1788 година, по смртта на татко му, кој работел како лекар во Спалато (денешен Сплит), семејството се преселило во Венеција, а Фосколо ги завршил студиите што ги започнал во далматинската гимназија на Универзитетот во Падова.[8]

Политика и поезија

уреди

Фосколо, кој од непознати причини го променил своето име од Николо во Уго, почнал активно да учествува во политичките дискусии кои го предизвикале падот на Венецијанската Република. Тој бил истакнат член на националните комитети и му посветил ода на Наполеон, во очекување дека Наполеон ќе ја собори венецијанската олигархија и ќе создаде слободна република.[8]

Со Договорот од Кампо Формио (17 октомври 1797) Венецијанската Република престанала да постои, и територијата била поделена меѓу Франција и Австрија. Ова предизвикало шок кај Фосколо, но не ги уништило неговите надежи. Своите размислувања под влијание на шокот ги преточил во неговиот роман Последните писма на Јакопо Ортис (1798), кој Енциклопедија Британика во 1911 година го опишува како политизирана верзија на Страдањата на младиот Вертер од Јохан Волфганг фон Гете.[8]

По падот на Венеција, Фосколо се преселил во Милано, каде што се спријателил со поетот Џузепе Парини, за кого подоцна изразил восхит и благодарност.[8] Во Милано, објавил избор од 12 сонети.

Сè уште во надеж дека неговата земја ќе биде ослободена од Наполеон, служел како доброволец во француската армија, учествувал во битката кај Требија, а при опсадата на Џенова бил ранет и заробен. Откако бил ослободен, се вратил во Милано. Таму објави превод и коментар на Калимах, започнал верзија на Илијадата и го започнал преводот на Сентименталното патување низ Франција и Италија од Лоренс Стерн.

 
Гробници, 1809 година

Во 1807 година, Фосколо го напишал своето дело Гробници, кое може да се опише како возвишен напор да се побара засолниште во минатото од бедата на сегашноста и темнината на иднината. Mртoвците се повикуваат да станат од нивните гробници и, како во ремек-делата на грчкото ораторство, повторно да се борат во битките за нивната земја.

Во 1813 година Фосколо се вратил во Милано а оттаму заминал за Швајцарија, каде напишал жестока сатира на латински за неговите политички и литературни противници; Кон крајот на 1816 заминал за Англија.[8]

Лондон

уреди
 
Неговиот денес празен гроб во дворот на црквата Свети Никола, Чисвик

За време на единаесетте години кои Фосколо ги поминал во Лондон, уживал во сета онаа друштвена разлика што највисоките кругови од англиската престолнина можеле да им ја понудат на странците со политичко и книжевно реноме, и ја доживеал бедата која следи од непочитување на oсновните услови на домашната економија.

Починал во Турнем Грин на 10 септември 1827 година и бил погребан во црквата Свети Никола во Чисвик. Четириесет и четири години по неговата смрт, на 7 јуни 1871 г., неговите посмртни останки биле ексхумирани на барање на кралот на Италија и однесени во Фиренца во црквата Санта Кроче, каде што се наоѓа денес - покрај спомениците на Николо Макијавели, Виторио Алфиери, Микеланџело и Галилео.[9]

Наводи

уреди
  1. Luciano Canepari. „Foscolo“. DiPI Online (италијански). Посетено на 13 January 2021.
  2. „Biography at Infotube“. Архивирано од изворникот на 2012-06-20. Посетено на 2022-04-14.
  3. Ugo Foscolo: An Italian in Regency England, Vincent, Eric Reginald Pearce, 1894, Cambridge University Press, pg. 106
  4. The Chronicles of Fleetwood House, Adam John Shirren, 1977 Pacesetter Press, pg. 155
  5. Introduction to Italian Poetry, Rebay, Luciano, Courier Dover Publications, pg. 97
  6. Dictionary of Italian Literature, Bondanella, Julia Conaway, Peter E. Bondanella, Greenwood Press, pg. 215, ISBN 0-313-20421-7
  7. The Australian Library Journal, 1951 Library Association of Australia, University of Michigan, pg. 179
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4   One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостStuart, James Montgomery (1911). „Foscolo, Ugo“ . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica. 27 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 730–731.
  9. "Exhumation of poet Ugo Foscolo (1778-1827), on May 31, 1871, in the cemetery of Chiswick, near London. The works ended on 7 June 1871." Photograph by Caldesi & C, United Kingdom, London 1871. (Photo by Fototeca Gilardi/Getty Images)“. Getty Images. Посетено на 21 September 2020.