Туретов синдром
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Туретов синдром е пореметување со движењата заради одредено наследено невролошко нарушување на мозокот. Оваа положба е именувана по Францускиот невролог, Жил Турет, кој за првпат во 1885 испитувал девет вакви пациенти. Туретовиот синдром нема никакво влијание врз самата интелигенција или рок на живeење. Симптомите на ТС се поизразени кај децата. Луѓето со овој проблем прават постојани движења и гласови што не можат да ги контролираат.
Туретов синдром | |
---|---|
Жорж Жил де ла Турет (1857–1904) | |
Специјалност | Педијатрија, неврологија |
Симптоми | Појава на тикови[1] |
Вообичаена појава | Обично во детството[1] |
Времетраење | Долготрајно[1] |
Причинители | Генетски фактори и влијание од околината[1] |
Дијагностички метод | Врз основа на историјата и симптомите[1] |
Лекување | Едукација, бихејвиорална терапија[1][2] |
Лекови | Обично нема, повремено антипсихотици[1] |
Прогноза | Подобрување до исчезнување на тиковите почнувајќи од крајот на тинејџерските години[1] |
Честота | Околу 1%[3] |
Физички движења
уредиВо овие движења наречени „тикови“ спаѓаат следниве:
- трепкање со очите
- кревање на рамениците
- нагли движења на главата
- гримаси со лицето
Понекогаш луѓето со Туретов синдромот непрекинато ги имитираат движењата на другите луѓе.
Вокални звуци
уредиЗвуците што луѓе со Туретов синдром ги имитираат се:
- шмркање
- чистење на грлото
- кашлање
- лаење
- врескање
Некои луѓе со ТС ги повторуваат своите или зборовите на другите луѓе или дури велат вулгарни или навредливи зборови без да сакаат.
Лечење
уредиЗа сега нема еден семоќен лек за ТС. Но разни таблети за смирување помагаат кај некои луѓе со ТС да живеат нормален живот. Затоа што движењата и гласовите предизвикани од ТС се често реакција на стрес или возбуда, учењето на методи за контролирање на стресот и релаксација можат исто така што помогнат во лечењето.
Извор
уреди- https://web.archive.org/web/20060824224057/http://www.mhcs.health.nsw.gov.au/mhcs/publication_pdfs/4400/BHC-4400-MAC.pdf Мултикултурен здравствен комуникативен сервис, Нов Јужен Велс, септември 2004.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Tourette Syndrome Fact Sheet“. NINDS. 16 April 2014. Архивирано од изворникот на March 23, 2005. Посетено на 18 October 2016.
- ↑ Singer HS (2011). „Tourette syndrome and other tic disorders“. Hyperkinetic Movement Disorders (Historical review). Handbook of Clinical Neurology. 100. Elsevier. стр. 641–657. doi:10.1016/B978-0-444-52014-2.00046-X. ISBN 978-0-444-52014-2. PMID 21496613. Also see Singer HS (March 2005). „Tourette's syndrome: from behaviour to biology“. Lancet Neurol (Review). 4 (3): 149–59. doi:10.1016/S1474-4422(05)01012-4. PMID 15721825. S2CID 20181150.
- ↑ Robertson MM (February 2011). „Gilles de la Tourette syndrome: the complexities of phenotype and treatment“. Br J Hosp Med (Lond). 72 (2): 100–107. doi:10.12968/hmed.2011.72.2.100. PMID 21378617.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |