Трухиљо (Перу)
Трухиљо (шпански: Trujillo) — град во северозападно Перу и главен град на регионот Ла Либертад. Трухиљо е трет најголем град во Перу со население од 811,979 жители и е економски центар на северно Перу.[1] Градот се наоѓа на бреговите на реката Моче, во близина на вливот во Тихиот Океан. Во близина на Трухиљо се наоѓаат археолошките наоѓалишта Чан Чан, Храмот на сонцето, Ел Брухо и Храмот на месечината.[2]
Трухиљо Trujillo | |||
---|---|---|---|
Прекар(и): La Ciudad de la Eterna Primavera (Градот на вечната пролет) | |||
Местоположба во Перу | |||
Држава | Перу | ||
Регион | Ла Либертад | ||
Покраина | Трухиљо | ||
Основан | 6 декември 1534 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Сезар Акуња Пералта | ||
Површина | |||
• Градска | 1.768,65 км2 (68,288 ми2) | ||
Надм. вис. | 34 м | ||
Население | |||
• Градско | 790,221 | ||
• Густина | 462,63/км2 (119,820/ми2) | ||
• Градскo | 1.234 | ||
• Метро | 800,000 | ||
• Метро | 631,13/км2 (163,460/ми2) | ||
2007 | |||
Час. појас | PET (UTC-5) | ||
• Лето (ЛСВ) | PET (UTC-5) | ||
Повик. бр. | 44 | ||
Мреж. место | www.muntrujillo.gob.pe |
Демографија
уредиТрухиљо е трет најнаселен град во Перу и има население од околу 800,000 житело во метрополитенската област.[3] Во градот живее околу 49.69% од населението на регионот Ла Либертад и 2.9% од населението на Перу.
Сообраќај
уредиГрадот е поврзан со скоро сите позначајни градови на перуанскиот брег. Значаен сообраќаен сегмент во животот на градот е аеродромот Капетан Карлос Мартинес де Пинилос. Пристаништата во Салавери и Чикама се користат како значајни пристаништни центри на Трухиљо.
Значајни личности од Трухиљо
уреди- Сезар Валехо, поет, живеел во Трухиљо од 1910 до 1917.
- Антенор Орего, прв перуански политички филозоф, живеел во Трухоло од 1910 до 1940.
- Виктор Раул Хеја де ла Торе, политичар.
- Теофило Тиноко Кабалеро, правник и професор.
- Луис Банчеро Роси, хемиско-индустриски инженер.
- Мили Ахон, танчерка и градоначалник, основач на посебен вид маринера танц
- Маија Хулија Мантила, Мис Свет за 2004
- Теодоро Риверо Ајлон, писател и професор.
Збратимени градови
уредиНаводи
уреди- ↑ Peru - Trujillo Agglomeration
- ↑ Información turística de Trujillo,DESCUBRE PERU Un país…muchos destinos. Reviewed July 03, 2008.
- ↑ „INEI - Censos del 2007“. Архивирано од изворникот на 2011-03-07. Посетено на 2011-03-07.
- ↑ „Ciudades hermanadas“ (шпански). Ayuntamiento de Trujillo. Архивирано од изворникот на 2009-12-12. Посетено на 26 July 2009.
- ↑ Salt Lake sister cities, Ciudades hermanas de Salt Lake City Архивирано на 12 март 2012 г.. Consultado el 13 de август de 2009.
- ↑ „La hermandad Trujillo-Metepec“. Noticiastrujillo. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 13 August 2009.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Трухиљо (Перу)“ на Ризницата ? |
- Хуака дел Луна и Хуака дел Сол
- Официјално мрежно место на археолошкото наоѓалиште Хуака дел Луна Архивирано на 26 ноември 2012 г.
- Информации за археолошкиот комплекс Ел Брухо
- Чан Чан
- Конзервационен проект Чан Чан
- Слики од колонијално Трухиљо Архивирано на 22 февруари 2012 г.
- Информации за Трухиљо Архивирано на 26 август 2013 г.
Оваа статија поврзани со Перу е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |