Чан Чан (Chan Chan) е археолошко наоѓалиште во Перу кое се наоѓа во регионот Ла Либертад на околу 5 километри западно од Трухиљо. Чан Чан зафаќа површина од околу 20 км2 и имал доста густо населен урбан центар со околу 6 км2.[1] Градот бил изграден од Кралството Чимор од народот Чиму во околу 850 година и функционирал сè до освојувањето на кралството од страна на Тавантинсују во 1470 година. Чан Чан бил главен град на Чимор додека кралството опстојувало и се проценува дека имал околу 30.000 жители.

Арехолошка зона Чан Чан
светско наследство на УНЕСКО
Поглед кон Чан Чан.
Критериумкултурен: i, iii
Навод366
Запис1986 (10-то заседание)
Загрозено1986-

Во 1986 година Чан Чан бил ставен на списокот на светско културно наследство на УНЕСКО. Градот подлежал на торнада од Ел Нињо, при што имало силно дождови и поплави во регионот. Чан Чан се наоѓа во плоден регион богат со вода.[2] Покрај поплавите, рушевините претрпеле оштетувања и од земјотреси.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Moore, J. D. (2005). Cultural Landscapes in the Ancient Andes. Gainesville: University Press of Florida.
  2. Holstein, Otto. 1927. Chan-chan: Capital of the great chimu. Geographical Review 17, (1) (Jan.): 36-61.
  • The Smithonian Staff (2010), [www.smithsonian.com „10 Must-See Endangered Cultural Treasures“] Проверете ја вредноста |url= (help), Smithsonian, 39 (12): 35 - Chan Chan, Peru, End of an Empire by Bruce Hathaway

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди