Џиро д’Италија

(Пренасочено од Трка околу Италија)

Џиро д’Италија (италијански: Giro d'Italia; или позната како Трка околу Италија) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Италија, но исто така повремено поминува и низ некои соседни земји.[1] Трката била првпат организирана во 1909 со цел зголемување на продажбите на весникот La Gazzetta dello Sport;[1][2] меѓутоа сега е управувана од RCS Sport.[3][4] Трката била одржувана секоја година од нејзиното прво издание во 1909, освен кога била попречена од двете светски војни.[1] Како трката добивала на значајност и популарноста на трката се зголемувала, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Групата се проширила од главно италијански учесници до велосипедисти од целиот свет. Џиро е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[5][6]

Џиро д’Италија
За трката
Датуммај-јуни
РегионИталија и соседните земји
Месно имеGiro d'Italia (италијански)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидГолеми трки
ОрганизаторRCS Sport
Директор на тркатаМикеле Аквароне
Историја
Прво одржување1909 (1909)
Одржувања105 (до 2022)
Прв победник Лујџи Гана (ИТА)
Најмногу победи 5 победи
Неодамнешен победник Џеј Хиндли (АВС)

Заедно со Тур де Франс и Вуелта а Еспања, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[1][7] Џиро обично се одржува кон крајот на мај или почетокот на јуни.[1] Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на две хронометра, премин низ планинските масиви на Доломитите[8][9] и Алпите,[10] и завршницата во италијанскиот град Милано.[11][12] Како и останатите Гранд Тур трки, поновите изданија на Џиро д’Италија обично се состојат од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.[1]

Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната розовата маичка.[1][13] Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите,[13] планинскиот пласман за специјалистите за искачување,[13] пласманот за млад возач за возачите под 25 години[13] и екипниот пласман за најбрзите екипи.[13] Трката во 2019 била освоена од Ричард Карапас, прв еквадорски победник во историјата на Џиро д’Италија.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Грег Селцер (26 мај 2011). „Историја на Џиро д'Италија“. Livestrong. Посетено на 30 јули 2012.
  2. „Tour d'Italie ou Giro d'Italia - Encyclopédie Larousse“. Larousse.fr. 30 март 2012. Посетено на 10 август 2012.
  3. Бил и Карол Мекган. „Џиро д'Италија 1909“. Bikeraceinfo.com. Посетено на 30 јули 2012.
  4. „RCSMediagroup – Бизнис - Други активности - Спорт“ (италијански). Rcsmediagroup.it. 15 декември 2010. Архивирано од изворникот на 2013-02-18. Посетено на 10 август 2012.
  5. „[[Меѓународен велосипедистички сојуз]]“. Uci.ch. Посетено на 6 август 2012. URL–wikilink conflict (help)
  6. When is the Criterium route announced. (2023-08-24). „Календар на Светската турнеја на UCI 2012“. Cycling Weekly. Посетено на 6 август 2012.
  7. „Million dollar, baby!“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 јануари 2007. Посетено на 21 мај 2011.
  8. „Classic Climbs of the Dolomites Bike Tours, Biking Trips, & Bicycle Vacations of a Lifetime“. Trek Travel. Архивирано од изворникот на 2013-01-15. Посетено на 30 јули 2012.
  9. „Џиро д'Италија во Доломитите“. Bikeplustours.com. 8 август 2011. Посетено на 30 јули 2012.[мртва врска]
  10. 20 мај 2012 (20 мај 2012). „Ryder Hesjedal in pink as Giro d'Italia hits the Alps“. Perth Now. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 30 јули 2012.
  11. „Џиро д'Италија - Официјална страница на туризмот во Милано“ (италијански). Tourism.milan.it. 5 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 10 август 2012.
  12. „Џиро д'Италија, етапа 21, Милано - поединечен хронометар“. BikeRadar. Архивирано од изворникот на 2013-02-21. Посетено на 10 август 2012.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 Лора Вајсло (13 мај 2008). „Giro d'Italia classifications demystified“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 27 август 2009.

Надворешни врски

уреди