Јаглики

Јагликите (науч. Primulaceae) се семејство на цветни растенија со околу 24 родови, вклучувајќи некои од најзастапените градинарски растенија и диви цвеќиња.

Јаглики
Обична јаглика (Primula vulgaris)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Вресовидни
Семејство: Јаглики
Vent.
Родови

Во текстот.

Опис

уреди

Фамилијата Јаглики (Primulaceae) најчесто се повеќегодишни растенија, а во оваа фамилија припаѓаат повеќе од 2.700 видови. Потекнува од умерените и северните области на Северната полутопка. Претставуваат тревести растенија, со прости зељести листови, додека цветовите се среќаваат во најразлични бои кои цветаат релативно рано уште од месец март што објаснува и самиот збор на фалилијата (Primus што значи прв).[1]

Распространетост

уреди

Се среќаваат на отворени предели, ливади на каменеста подлога.

Во Македонија, во Национален парк Галичица оваа фамилија е претставена со следните видови:

  • Anagallis arvensis,
  • Anagallisfoemina,
  • Androsace maxima,
  • Cyclamen hederifolium,
  • Lysimachiadubia,
  • Lysimachianummularia,
  • Primulaacaulis,
  • Primulaelatior subsp. intricate,
  • Primulaveris subsp. columnaeи Samolus valerandi.[1]

Родови

уреди

Според Калерсхе[2] некои од овие родови треба да се стават во семејството Мирзинии (Myrsinaceae), но ова не се признава во APG III.

Примена

уреди

Содржат голем број лековити својства (против кашлица, температура), а со тоа наоѓаат широка примена во алтернативната медицина.[1]

Јагликите како мотив во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Национален парк Галичица
  2. Källersjö, M., G. Bergqvist & A. A. Anderberg. 2000. Generic realignment in primuloid families of the Ericales s. l.: a phylogenetic analysis based on DNA sequences from three chloroplast genes and morphology. Amer. J. Bot. 87: 1325–1341.
  3. Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 10-12.

Надворешни врски

уреди