Клисура (географија)

Клисура (латински: clausura), кланец[1] или дервен[2] – тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни.[3]

Клисури настануваат под дејство на флувијалната или речна ерозија. Клисурите се долини во речните текови кои настануваат со селективна ерозија на карпите, така што просторите со потврди карпи се стрмни и тесни.[4] Кај нас постојат бројни клисури — Дреновска, Демиркаписка, Бродска, Скочивирска и др.

Доколку клисурите се протегаат во помала должина тогаш се именуваат како сатески, се јавуваат во композитни долини на големи реки.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „кланец“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „дервен“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „клисура“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. Димитров, Никола; Котески, Цане (2015). ТУРИСТИЧКА ГЕОГРАФИЈА (PDF). Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. ISBN 978-608-244-216-7. Посетено на 14 мај 2019.