Стар град Лиџјианг

Стар град Лиџјианг (упр. кин.: 丽江古城; трад. кин.: 麗江古城), најчесто наречен Дајан (кинески: 大研) — историско средиште на градот Лиџјианг во покраината Јунан, Кина. Се наоѓа на Списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Стар град Лиџјианг
светско наследство на УНЕСКО
МестоЛиџјианг, Јунан, Кина
Критериумкултурно: (ii), (iv), (v)
Навод811bis
Запис1997 (XXI заседание)
Дополнувања2012
Површина145.6 ha (360 acres)
Преоден појас582.3 ha (1,439 acres)
Координати26°52′N 100°14′E / 26.867° СГШ; 100.233° ИГД / 26.867; 100.233
Стар град Лиџјианг
Традиционално 麗江古城
Упростено 丽江古城
Дајан
кинески 大研

Историја

уреди
 
Продавници покрај улица со снежната планината Жадски Змеј во заднина.

Градот има историја што досега повеќе од 1.000 години наназд и некогаш бил трговско средиште долж Древниот пат за чајот. Старото градско средиште Дајан е познат по добро уредениот систем на водни патишта и мостови, систем што станува сеќавање кога ќе спушти нивото на подземни води, веројатно поради прекумерната градба во приградските области.

Културата на Лиџјианг ја здружува традиционалната култура на народот Нашји со нескладни елементи стекнати од кинеските трговци Хан од династијата Минг кои се населиле во подрачјето пред неколку векови. Населението Нашји го задржало стилот на градење домови од дрво и плитари што го научиле од трговците од Нанџјинг. Месните столари сè уште градат детално изработени куќни дрвени рамки по сеќавање, без нацрти или други цртежи. Овие куќи често се подобрени со детални резби на цвеќиња и птици на прозорците. Резбите денес ги изработуваат занаетчии од етничките Баи, иако вниманието се сосредоточува на прикажување на флората и фауната од четирите годишни времиња на традиционалниот кинески хански начин. Дури и сиромашните селски семејства собираат средства за да постават резбани прозорци и се чини дека ги сметаат за поважни од мебелот во домот. Прозорските плочи им се нудат на продажба на туристите.

Луѓето Нашји ја научиле кинеската класична музика од посетителите од Нанџјинг за време на династијата Минг и продолжуваат да ја свират оваа музика и денес, долго откако уметноста изумрела во другите делови на Кина. Старите музичари биле организирани за редовни настапи во старото месно јадро на Дајан, додека во оддалечените села настапувале поретко.

Напоредно со овој добро сочуван доказ за културата на Хан опстојува и месната нашји култура, која и денес може да се види во стариот дел на градот и на многу улички во облик на кружни танци на кои присуствуваат и млади и стари од месните населби. Кружните танци во стариот град Дајан ги водат жени Хаши во месната носија на Нашјите.

Кружен танц во носија е исто така обичај на Тибетанците северно од Лиџјианг и народот Баи на југ. Порано имало многу тибетски и баи населби во стариот град Дајан, но повеќето од овие луѓе биле преместени во области далеку од туристичките области. Тибетските кружни танци повремено може да се видат во стариот град Дајан, но почесто во приватните градини и во Нонгџјиале (农家乐) на собири на месните Тибетанци. Нашји и тибетски кружни танци се изведуваат надвор од тибетските храмови на планината Жадски Змеј (玉龙雪山), особено во деновите на праници на храмовите.

Поширокиот Лиџјианг (вклучувајќи ги Дајан и две села на север, именувани Баиша (白沙) и Шухе (橩河)) бил запишан на Списокот на светско наследство на УНЕСКО на 4 декември 1997 година. [1] Оттогаш, месната власт презела поголема одговорност за развојот и заштитата на стариот град. Туризмот во Лиџјианг се зголемил во текот на изминатите дваесет години, при што го посетуваат патници од целиот свет, иако поголемиот дел од туристите се уште се Кинезите Хан од другите делови на Кина. Стариот град Дајан е опсежно обновен за да ја зголеми својата комерцијална привлечност за кинеските туристи Хан, а навистина старите градби сега ги има во мал број.

Градска структура

уреди

Стариот град Лиџјианг, изграден на падината на планината Шјизи, гледа југоисточно и гледа на долината на реката Јангце (месно наречена Џинша), неколку десетици километри по нејзиниот излез од клисурата Тигарски Скок.

За разлика од другите древни кинески градови, стариот град нема соодветна урбана структура, бидејќи морал да се вклопи во природната средина, бидејќи се наоѓа на надморска височина од 2400 м помеѓу три планини што го опкружуваат, водотеци што протекуваат низ него. Значителната земјотресна активност на подрачјето е единствена.

Градот исто така никогаш не бил опкружен со ѕидини. На оваа тема постои предание: кинеската буква (木), името на семејството што владеело со Лиџјианг неколку векови, сместено во рамка што ги претставува ѕидините, станува буквата kùn (囦), што значи опсада или тешка ситуација. Му не сакале да бидат „заробени како стаорци“ во градот, што би била причината зошто никогаш не биле изградени ѕидини околу Лиџјианг.[2]

Отсуството на соодветна градска структура не го спречува градот да постигне голема архитектонска хармонија. Навистина, иако конструкциите биле засновани на начин најдобро да ја искористат посебната природа на земјата, стилот сепак останува многу хомоген, ја здружува и архитектонската традиција на средишната кинеска рамнина, Баи и Тибетанците, како и иновациите донесени од месното население Нашји, особено за да се заштитат од сонце, студ, поплави и земјотреси.

Каналска мрежа

уреди
 
Канал во старото градско јадро на Лиџјианг
 
Езерото Црн Змеј

Стариот град Лиџјианг се наводнува со поток што доаѓа од Хеилонгтан (кинески, слив на Црн Змеј), езеро со површина од 40.000 m², каде што се собираат водите на десетици планински извори. На влезот во градот се дели на три краци, источна, централна и западна река, кои ја напојуваат мрежата канали на кои се поврзани сите куќи.

Бројните канали кои минуваат низ градот ги премостуваат 354 моста, што објаснува зошто Лиџјианг го нарекуваат и „Град на мостовите“. Мостовите се изградени во бројни облици, од наједноставни направени од дрвени штици до „коридорски мостови“ кои нудат засолниште од дождот, како и уште покласични мостови.

Станбени куќи

уреди
 
Изрезбана дрвена куќа

Станбените куќи најчесто се двокатни, високи околу 7,5 m, поретко трикатни. Нивната основна структура, што стои на камени темели, е полудрвена, дрвената рамка обично е исполнета со плитари во приземјето и штици на горните катови. Надворешните ѕидни облоги се различни: тие можат да бидат целосно од дрво или малтерисани, покриени со вар, а покривот е секогаш од ќерамиди. Куќите често имаат трем или надворешен ходник.

Надворешната накитеност е од голема важност: видливи дрвени елементи, рамки на вратите и прозорците, гредите на покривот, сводовите се богато насликани со приказ на животот или културата, а плочниците на внатрешните дворови често претставуваат фолклорни теми или животински или растителни мотиви, особено цвеќиња, птици или риби.

Посебно внимание било посветено на различни конструктивни детали, со цел да се зголеми отпорноста на објектите од земјотреси. На пример, дрвените рамки на вратите и прозорците се флексибилни, а вертикалните плочи се малку наклонети навнатре.

Многу знаци и прикази се напишани не само на кинески, туку и на донгбаиски, исклучиво пиктографско писмо што го користел народот Нашји.

Култура

уреди
 
Старица од народот Нашји на градскиот плоштад

Изведбите на групата Наки од Донгџјинг музиката, древен облика на обредна музика Хан, може да се слушаат со плаќање во Дајан, за бакшиш во Шухе, Баиша, а понекогаш и во други села во околината. Скапата гламуризација на „Tea and Horse Caravans“ е претставена во облик на мјузикл организиран од филмскиот продуцент и режисер Џјанг Џјимоу.

Неодамнешни промени

уреди
 
Поглед на стариот град од Ван Гу Лу

Напливот на туристи што следел по запишувањето на древниот град Лиџјианг на Списокот на светско наследство на УНЕСКО имал драматични последици. Поголемиот дел од жителите Нашји на древниот град се иселиле заради зголемените трошоци за сместување и храна, за потоа да бидат заменети со туристички објекти кои им плаќаат огромни кирии на сопствениците Нашји, кои сега се повлекле во ново урбано подрачје.[3] Растот на овие туристички претпријатија е главно неконтролиран.[4]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Old Town of Lijiang“. UNESCO. Посетено на 2007-08-06.
  2. Lijiang old town (TravelChinaGuide.com)
  3. „Reconciling Tourism and Conservation: The Case of Historic Towns“. China Heritage Newsletter, China Heritage Project, The Australian National University, ISSN 1833-8461, No. 2, June 2005. June 2005.
  4. „UNESCO WHC-ICOMOS Reactive Monitoring Mission to the Old Town of Lijiang, China“. 10–19 January 2008.

Надворешни врски

уреди