Трикотажа Пелистер
Трикотажа Пелистер — поранешно македонскo претпријатие за производство на конфекција. Фабриката отишла во ликвидација во 2018 година.[1] Седиштето на производството било во Битола, со подружница во село Цапари.
Дејност | Конфекција |
---|---|
Основано | 1923 |
Седиште | Битола, |
Вработени | 3406 (1981) |
Историја
уредиКако почетник во текстилната индустрија во општина Битола во 1923 година била основано претпријатието „БИТ“ — Текстилна индустрија Битола. На почетокот фабриката имала две одделенија - за шиење и за плетење. Во тоа време фабриката имала 20 кружни машини за плетење (марка Руншутл), една раух машина, една филцкалендер машина и неколку машини за превиткување.[2] Поради големото иселеништво на Македонците во странство, во селото Цапари била основана исфрлена единица[б 1] која ги вработувала жителите на селата Ротино, Ѓавато и Цапари.[3] Тогаш, кроењето сè уште било рачно. Брзата индустријализација по Првата светска војна во Кралството Југославија придонело за развојот на општина Битола. На почетокот биле вработени 30 работници, а во 1981 година бројот пораснал на 3406. Истата година текстилната индустрија учествувала со 28,9% од производството.
Првиот штрајк фабричките работници го имале веќе во 1938 година, додека Сојузот на работниците бил основан во 1951 година.
Меѓународни модни саеми
уредиТрикотажа Пелистер учествувала и на модни саеми. До 1983 година трипати ја добила наградата Билјана на саемот „Модест 83“. За тоа време, имала голем извоз[б 2] во Австрија, Франција, Велика Британија, Унгарија, Швајцарија.[3] Филијалата на фабриката во селото Цапари извезувала во Азија, Кувајт и Ирак.[3]
Во Југославија текстилот се продавал во стоковните куќи „Србијатекс“, „Меркур“, „Текстил“ - Белград; „Трготекстил“, „Интерпромет“ - Скопје ; „Текстилпромет“ - Загреб ; „Текстил“ - Љубљана ; „Вема“ - Марибор ; „УНИ-комерц“ - Сараево ; „Стотекс“ — Краљево.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Ликвидација за Трикотажата Пелистер“. Битолски весник. 23.3.2018. Посетено на 5 јуни 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Петар Ставрев, Димче Стојановски (1983). Трикотажа Пелистер Битола. Битола: Печатница „Киро Дандаро”. стр. 18.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Петар Ставрев, Димче Стојановски (1983). Трикотажа Пелистер Битола. Битола: Печатница „Киро Дандаро”. стр. 17.
- ↑ Петар Ставрев, Димче Стојановски (1983). Трикотажа Пелистер Битола. Битола: Печатница „Киро Дандаро”. стр. 50.