Торта со сирење
Тортата со сирење или чизкејк (англиски: cheesecake) — сладок десерт што се состои од еден или повеќе слоеви. Главниот слој се состои од мешавина на свежa зденка или сирење, јајца, шеќер, а ако има долен слој тој се состои од бисквити, слатки крекери, колачиња или сунѓер торта.[1] Обично се чува во фрижидер. На тортата со сирење обично се додава шеќер. Може да се стави на горниот слој овошје, шлаг крем, ореви, овошен сок или чоколадо. Тортата со сирење може да има повеќе додатоци, како што се: јагоди, лимета, костен и друго.
Историја
уредиДревен облик на торта со сирење можеби бил популарен во Стара Грција дури пред прифаќањето на Римјаните откога ја освоиле Грција.[2] Најстарото потврдено споменување на торта со сирење (чизкејк) е од грчкиот лекар Егимос (V век п.н.е.), кој напишал книга за уметноста на правење на торти со сирење.[3] Најраните постоечки рецепти се наоѓаат во книгата „За земјоделството“ од римскиот говорник Катон Постариот, кој вклучува рецепти за три торти за религиозни намени: libum, savillum и placenta.[4][5][6] Од трите, placenta е како повеќето современи торти со сирење, односно има кора што е одделно подготвена и печена.[7]
Англиското име чизкејк се користи дури од XV век,[8] но чизкејот не се развил во неговиот современ облик сè донекаде околу XVIII век. Европејците почнале да отстрануваат квасец и наместо тоа додавале јајца во тортата со сирење. Со исчезнувањето на огромниот вкус на квасец, исходот сега повеќе им изгледал како десерт.[9]
Галерија
уреди-
Печена торта со сирење од Баварија
-
Романска верзија на чизкејк
-
Вид чизкејк од Русија
-
Како се прави чизкејк
-
Ноќ на вештерките стил на чизкејк
-
Чизкејк со желе од портокал
-
Германски стил на чизкејк
-
Њујорк стил на чизкејк со јагоди
-
Чизкејк со фил
-
Чизкејк со боровинки и мешано овошје
-
Чизкејк од јагода
-
Парче козјо чизкејк
-
Чизкејк од манго
-
Чизкејк со парчиња портокал
-
Чизкејк од лимон
-
Чизкејк во вид на палачинки
-
Јапонски непечен чизкејк со прелив од јагода
Наводи
уреди- ↑ Ferguson Plarre Bakehouses. „A History of Cheesecakes“. www.fergusonplarre.com.au. Архивирано од изворникот на 2013-11-24. Посетено на 12 октомври 2008.
- ↑ Dana Bovbjerg, Jeremy Iggers, The Joy of Cheesecake, Barron's Educational Series, 1989
- ↑ Callimachus, ap. Athen, xiv. p. 643, e
- ↑ Cato the Elder, De Agri Cultura, paragraphs 75 and 76. Available in English on-line at: University of Chicago: Penelope (Note: The "leaves" mentioned in Cato's recipe are bay leaves.)
- ↑ „Cato's 'De Agricultura': Recipes“. www.novaroma.org. Посетено на 2008-10-12.
- ↑ „Cato's 'De Agricultura': Recipes“.
- ↑ „A Bit of Food History: Cheesecake“ (PDF). www.culinaryschools.com. Посетено на 2008-10-12.
- ↑ John., Ayto (2002). An A-Z of food and drink. Ayto, John. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0192803522. OCLC 48932542.
- ↑ „The Rich History of a Favorite Dessert“. Cheesecake.com. Посетено на 2019-01-09.