Палачинка е тесто  пржено во масло или без масло. Формата на палачинките е кружна, кругот може да биде дебел или тенок. Тестото е направено од мешавина на брашно и млеко или вода, а и 1-6 јајца. Палачинката е веројатно постара од лебот и е позната низ целиот свет, приготвувана на различни начини.

Слатки палачинки

Палачинката по печењето може да се приготвува како слатка или солена. За слатка палачинка најчесто се користи џем, различни кремови, мед и слично. Солената палачинка исто така се користи на различни начини како на пример: со сирење, павлака и слично. Приготвената палачинка се витка во цилиндрична или триаголна форма. Веќе кога ќе е приготвена палачинката, се додават различни додатоци.

Зборот „палачинка“ доаѓа од латинскиот збор placenta, што значи „рамен колач“.[1]

Постојат различни видови на палачинки, во зависност од поднебјето каде се приготвуваат. Секоја кујна има уникатни методи за готвење и рецепти. [2]

Полнети слатки палачинки

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди