Џез (роман)
„Џез“ (англиски: Jazz) — роман на американската писателка Тони Морисон од 1992 година.
Корицата на првото издание | |
Автор | Тони Морисон |
---|---|
Земја | Соединети Држави |
Јазик | Англиски |
Жанр | Историски роман |
Издавач | Alfred A. Knopf Inc. |
Издадена | 1992 |
Медиум | Печатена (тврд и мек повез) |
Страници | 229 |
ISBN | 0-679-41167-4 |
Претходна | Љубена |
Следна | Рај |
Содржина
уредиРоманот е страсна приказна за љубовта и опсесијата, проткаена со жестоки емоции. Зимата 1926 година, Џо Трејс, средовечен продавач на козметички производи, ја убива својата млада љубовница. За време на погребот, Виолета, сопругата на Џо, го напаѓа трупот на мртвата девојка.[1]
Осврт кон романот
уреди„Џез“ се смета за едно од најдобрите дела на Морисон. Во неа ритмички пулсираат живата музика и животниот стил од 1920-тите години. Онака како што често џез-музиката е нескротена, слободна и хаотична, така се претопуваат и настаните во романот, временските и просторните нишки се плетат една во друга, се мешаат минатото и иднината, а прозниот текст се претвора во поезија и музика.[2]