Томе Јанакиевски (роден на 20 јуни 1938 година во Битола - починал на 30 јули 2004 година во Битола) — македонски археолог и научен советник.[1]

Томе Јанакиевски
Роден 20 јуни 1938
Битола, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 30 јули 2004(2004-07-30) (возр. 66)
Битола, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање Aрхеолог

Животопис

уреди

Томе Јанакиевски основно и средно образование завршил во Битола. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Загреб на одделот за археологија во 1963 година. Во 1975 година се стекнал со звање магистер по музеолошки науки. Во 1997 година ја одбранил докторската теза под наслов „Античките театри и споменици со театарска тематика во РМ“ и се здобил со звање доктор по археолошки науки. Во 1964 година се вработил во Народниот музеј во Битола како археолог, кој во 1976 година се спои со Завод, музеј и галерија Битола. Од 1968 до 1976 година бил директор на оваа институција. Како истакнат стручњак по археологија раководел и учествувал во многу археолошки ископувања и истражувања и тоа: истражување и реконструкција на Римскиот театар „Хераклеја“, истражувања во РЕК, Кале, во село Стрежево и Цапарско Поле;

Од 1999 г. се вработил во Институтот за старословенска култура во Прилеп. Во 1998 година го објавил трудот „Антички театри и споменици со театарска тематика во Република Македонија'“. Во 2001 г. го издал и научниот труд „Доцноантичка микростанбена целина над театарот во Хераклеја Линкестис“ како и книгата „Убигацијата на средно вековна Битола“ (од 7 до 14 век) издадена во 2003 година.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јанакиевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 632. Text "series " ignored (help)