Тодор Јовчевски
Тодор Јовчевски — роден во Битола на 28 мај 1963 година. Тој е македонски раскажувач, романописец и автор на книги за деца.
Тодор Јовчевски | |
---|---|
Јовчевски во 2016 година | |
Роден/а | 1963 (воз. 60–61 г.) Битола, СР Македонија, СФРЈ |
Занимање | Писател |
Националност | Македонец |
Народност | Македонец |
Апсолвент на | Економски факултет - Прилеп |
Период | 1988-денес |
Предмет | проза и детска книжевност |
Книжевно движење | современа македонска книжевност |
Животопис
уредиПо професија е дипломиран економист, долгогодишен член на Книжевна младина во Битола и долгогодишен член на претседателството на Книжевна младина на Македонија. Бил стечаен управник на Битолската издавачка дејност „Мисирков“ и за две години стечајна постапка објавил повеќе од 15 книги и го обновил периодичното списание „Развиток“. Во периодот од 1999 до 2008 година, беше директор на издавачката дејност „Развиток“ каде се објавени повеќе книги и публикации. Завршил средно образование во „Јосип Броз Тито – Битола“ и Економски факултет во Прилеп.
Дела
уреди- Мудростите на еден фрик (афоризми);
- Тајни патеки низ сонцето (кратки раскази);
- Приказни од Лимбусот (кратки раскази);
- Уморниот воин и осамените маргиналци (роман);
- Мравката Боро (сликовница за деца);
- Во нашата градина (сликовница за деца);
- Во нашата овошна градина (сликовница за деца);
- Доживувањата на Мравката Боро (сликовница за деца);
- Некои песни, некои раскази (приказни и песни за деца).
Автор е на две комерцијални сликовници нарачани од Млекара Битола, во едицијата Битолско Чупе и тоа:
- Битолското Чупе и куќата на витамините (тираж 85.000 примероци);
- Пат околу светот (тираж 45.000 примероци).
Други активности
уредиБројни се текстови каде се јавува како рецензент, автор на предговори, поговори, литературни критики. Во стрипот Капетан Нитрат , каде како автор на текстот е Борислав Станоевиќ и илустратор Александар Сотировски, кој е преведен и објавен на англиски јазик, автор е на предговорот. Преведен е фрагментарно на српски, англиски, бугарски, албански и турски јазик. Соработува со списанието Слово Љубве.