Тоде Георгиевски
Тоде Георгиевски ( 1935 - Скопје, 11 септември 2015) — македонски легендарен голман и капитен на фудбалскиот клуб Вардар.
Тоде Георгиевски | ||
Роден | 1935 | |
---|---|---|
Починал | 11 септември 2015 Скопје, Македонија | |
Занимање | голман |
Животопис
уредиГеоргиевски е роден во 1935 година. Во ФК Вардар Скопје одиграл 239 натпревари во периодот од 1950 до 1964 година, кога со златната вардарова генерација, заедно со Благоја Вучидолов, Петар Анѓушев, Славко Дацевски, Часлав Божиновски, Драган Трајчевски, Мирко Илиевски, Владо Николовски, Андон Дончевски, Стојан Велковски и Петар Шулинчевски, во 1961 година го освоиле Купот на СФР Југославија. Георгиевски извесен период настапувал и заедно со великаните на најтрофејниот македонски клуб Мето Спасовски и Кирил Дојчиновски. Една сезона бранел и за ФК Одред од Љубљана, Словенија. Паралелно со фудбалската кариера дипломирал и на Правниот факултет во Скопје, а до своето пензионирање бил судија во Врховниот суд на Македонија. Тоде Георгиевски е добитник на наградата за животно дело „13 Ноември“ што го доделува Сојузот на спортови на град Скопје. Починал во Скопје на 11 септември 2015 година.[1]