Мирко Илиевски
Мирко Петрев Илиевски ( 1914 во Тетово — 19 септември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Мирко Илиевски | ||
Роден | 1914 година Тетово, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 19 септември, 1944 година Скопје, Македонија |
Животопис
уредиВо Тетово го завршил основното училиште. Потоа го изучил автомеханичарскиот занает и успеал да најде работа во Скопје. По окупацијата без размислување се определил за народно-ослободителното движење. Секоја дадена можност ја користел за разобличување на бугарската окупаторска фашистичка политика. Поради ваквата дејност во летото 1943 година им паднал во рацете на бугарските контрачетници. Тие цел месец го задржале во затвор, во пограничното место Грумчин. Потоа бил одведен во Централната обласна полиција, каде повторно бил изложен на малтретирање и ѕверско мачење. Во затворот останал уште два месеца. Во септември 1944 година, непосредно по капитулацијата на фашистичка Бугарија, кога МК на СКМ во градот ја презел ситуацијата во свои раце, бил ангажиран на разни задачи околу собирањето и испраќање материјална и друга помош на НОВ и ПОЈ. На 19 септември истата година бил убиен на стражарско место пред еден магацин со воен материјал, што бил задолжен да го чува. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.[1]