Каролинска Плоча
Каролинска Плоча — мала тектонска плоча која го опчекорува Екваторот на источната полутопка северно од Нова Гвинеја. Образува зона на подвлекување долж границата со Птицоглавската Плоча и други мали плочи во околината на Нова Гвинеја на југ. Трансформната граница ја сочинува северната граница со Тихоокеанската Плоча. Долж границата со Филипинската Плоча има приближувачка граница кој преоѓа во расед.
Каролинска Плоча | |
---|---|
Вид | мала |
Површина | 1.700.000 км2[1] |
Движење1 | северозападно |
Брзина1 | 87 мм годишно |
Опфаќа | Тихи Океан |
1Во однос на Африканската Плоча |
Геолошка поставеност
уредиКако одделен теран со своја тектонска историја, Каролинската Плоча се сметала за дел од Тихоокеанската поради слабата сеизмичност и малите брзини долж нејзините граници. Ги опфаќа Западнокаролинската и Источнокаролинската Котлина и неактивното Еаурпичко Подножје кое ги двои, но ниту Каролинските Острови ниту Каролинскиот Гребен. Се подвлекува под Птицоглавската Плоча и плочите или блоковите поврзани со денешната Австралиска Плоча долж Новогвинекскиот Ров на југ.[2] [3]
Границата со Филипинската Плоча на запад има два дела: јужниот, наречен Ајуанската Бразда, се ширел со брзина од 8 мм годишно пред 25–22 милиони години но оттогаш се забавува. Северниот дел, сочинет од Палауанскиот и јужниот Јапски Ров, не е активна зона на подвлекување како што укажува отуството на активни вулкани. Границата помеѓу Каролинската и Тихоокеанската Плоча е сложен систем во развој, и делумно и потенцијално се развива во зона на подвлекување. Југоисточната граница долж Манускиот Ров е приближувачка граница, но нема зона на подвлекување поради отсуството на активни вулкани и земјотреси.[2] Ова е границата на Каролинската со Севернобизмарчката Плоча, која се смета за остаточна плоча која се движи заедно со Тихоокеанската.[4][3] на југ од Севернобизмарчката Плоча има подрачје со независнодвижечки микроплочи како Јужнобизмарчката, Соломонската и Вудларковата.[5]
Тектонска историја
уредиКаролинската Плоча се движи со брзина мошне слична на онаа на Тихоокеанската Плоча. Нејзината старост и статус на одделна плоча се засега неизвесни. Постои многу бавна стапка на ширење помеѓу Каролинската и Филипинската Плоча, макар што Каролинската во неогенот изгледа се движела заедно со Филипинската и Новогвинејската.[6]
Каролинскиот Гребен на север се среќава со Каролинската Плоча во Соролската Бразда, каде има извесни показатели за косо издолжување; меѓутоа Каролинската Плоча е сочинета од океанска кора и веројатно е производ на врела точка. Присуството на ров и показателите за подвлекување под Тихоокеанската Плоча се сугестивни, но отсуството на островски лакови, кои се очекуваат ако имало значајно подвлекување во минатото, го прави нејасен развојот долж оваа граница.[6]
Оваа плоча под сите околности во минатото била одделна. Границата долж источната страна (ровот Мусау) мора да била важна бидејќи магнетните аномалии на Каролинската Плоча се олигоценским но оние на Тихоокеанската се кредски. Постојат показатели за ширење во т.н. Каролинско море пред 34–27 милиони години. Ако Каролинската се движела заедно со Тихоокеанската Плоча, тогаш треба да има јасни докази за соодветно подвлекување под Нова Гвинеја, но такви не постојат. Ајуанската Бразда е бавноширечка зона која се отворила пред 15 милиони години.[6]
Пред 6 милиони години, кога се судриле висорамнината Онтонг Јава и Индоавстралиската Плоча, Бизмарковото Море првично се образувало како задлачна котлина зад Новобританскиот Лак, а по судирот, се развила транспресна зона во денешниот западен дел на Бизмарковото Море, поврзана со подвлекувањето на Каролинската и Севернобизмарчката Плоча во Новогвинејскиот Ров.[3]
Наводи
уреди- ↑ Alden 2016
- ↑ 2,0 2,1 Bird 2003, Caroline Plate (CL), pp. 18–20
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Holm, RJ; Rosenbaum, G; Richards, SW (1 мај 2016). „Post 8 Ma reconstruction of Papua New Guinea and Solomon Islands: Microplate tectonics in a convergent plate boundary setting“. Earth-Science Reviews. 156: 66–81. doi:10.1016/j.earscirev.2016.03.005.
- ↑ Weiler, PD; Coe, RS (2000). „Rotations in the actively colliding Finisterre Arc Terrane: paleomagnetic constraints on Plio-Pleistocene evolution of the South Bismarck microplate, northeastern Papua New Guinea“. Tectonophysics. 316 (3–4): 297–325. doi:10.1016/S0040-1951(99)00259-0.
- ↑ Benyshek, E. K.; Taylor, B. (2021). „Tectonics of the Papua-Woodlark region“. Geochemistry, Geophysics, Geosystems. 22 (e2020GC009209). doi:10.1029/2020GC009209.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Hall 2002, Caroline plate, pp. 393–394
Извори
уреди- Bird, P. (2003). „An updated digital model of plate boundaries“ (PDF). Geochemistry, Geophysics, Geosystems. 4 (3). Bibcode:2003GGG.....4.1027B. doi:10.1029/2001GC000252. Посетено на 18 декември 2016.
- „An updated digital model of plate boundaries“. PeterBird. 2003.
- Bracey, D. R. (1983). Geophysics and tectonic development of the Caroline Basin (PDF) (Report). U.S. Naval Oceanographic Office TR283. Посетено на 18 декември 2016.
- Hall, R. (2002). „Cenozoic geological and plate tectonic evolution of SE Asia and the SW Pacific: computer-based reconstructions, model and animations“ (PDF). Journal of Asian Earth Sciences. 20 (4): 353–431. Bibcode:2002JAESc..20..353H. doi:10.1016/S1367-9120(01)00069-4. Посетено на 18 декември 2016.
- Weissel, J. K.; Anderson, R. N. (1978). „Is there a Caroline plate?“ (PDF). Earth and Planetary Science Letters. 41 (2): 143–158. Bibcode:1978E&PSL..41..143W. doi:10.1016/0012-821X(78)90004-3. Посетено на 18 декември 2016.